За свадба од соништата: Diamond Wedding House – магична атмосфера и врвна услуга
- Детали
- среда, 31 јануари 2024
Лоциран на само 9km од центарот на Скопје, со можност за организација на вашите прослави на отворено и во затворена сала, простор за паркинг – Diamond Wedding House е идеална локација за сите значајни настани.
Diamond Wedding House е уникатно место создадено за прослава на сите убави моменти во животот.
Луксузните детали, професионалното осветлување, декорацијата и комфорниот ентериер ви овозможуваат максимално задоволство за време на Вашиот најважен ден.
Нашиот искусен тим се грижи за задоволството на секој гостин, креираме спомени што се паметат цел живот.
Магична атмосфера, совршена декорација, професионална услуга – ова е нашата формула за креирање на вашите спомени.
Прославете го најубавиот ден во уникатен простор и луксузен амбиент.
Храна подготвена со многу љубов од нашите готвачи
Во зависност од прославата имаме избор од неколку менија со највкусната храна приготвена од вистински мајстори во кулинарството, беспрекорно послужени од нашиот професионален персонал по разумни цени со одличен квалитет.
Прекрасниот амбиент, внимателно осмислениот концепт како и нашата локација надвор од градскиот метеж на само 9km од центарот на Скопје, го прават Diamond Wedding House идеално место за вашите прослави.
Капацитет на отворен и затворен простор, паркинг на располагање
Diamond Wedding House располага со две сали, една сала од отворен тип со капацитет до 550 гости и ново реновирана сала од затворен тип со капацитет 300 гости.
Просторот е погоден за организација на свадби, разни типови на други прослави и конференции.
Во зелена градина на простор од 3000m2, со свадбен и ресторански дел од 1000m2 има можност за: одржување на регистрација (матично) на отворено, за организација дневни и вечерни настани.
Долгогодишното искуството и посветеноста на менаџерскиот тим дозволува организациски пристап кој е автентичен и прилагоден на секој клиент.
Во склоп на комплексот е обезбеден и паркинг простор за 150 возила кој е под постојан надзор од портир.
Наша задача е среќните моменти да ги раскажувате засекогаш!
Diamond Wedding House е вистинскиот избор за настани организирани до перфекција, по сите врвни критериуми.