Fur Fashion Chionati Atelier: Луксузни крзнени производи во срцето на Скопје
- Детали
- вторник, 30 јануари 2024
Fur Fashion Chionati, Atelier (ГТЦ, 1 спрат) е првото ателје од ваков тип, отворено во Македонија но и во регионот. Сите љубители на природно крзно сега можат своето омилено парче крзно да го пронајдат меѓу нашите ексклузивни и уникатни производи: крзнени бунди, крзнени теписи, бланкети, украсни перници, табуретки и сл. Колекцијата изобилува со луксузни природни крзна како што се: нерц, чинчила, лисица, сејбл, рис и сл.
Fur Fashion Chionati Atelier се наоѓа во Скопје, во Градскиот трговски центар (ГТЦ) на првиот спрат. Станува збор за грчки луксузен бренд за бунди и додатоци од природно крзно.
Низ годините, Chionati Atelier се развиваше од мал семеен бизнис до познат светски бренд за крзно, кој е присутен во Грција, Италија, Русија и Блискиот Исток.
Нашиот голем избор на бунди од природно крзно, со леснотија ќе внесе доза на елеганција и луксуз во Вашиот живот.
Сите модели се со уникатен дизајн, а се инспирирани од најновите модни трендови во светот на модата, што го позиционира Скопје на мапата на европски метрополи во кои можат да се купат високо квалитетни крзнени производи. Варирајки од густо, а сепак лесно крзно од нерц до свиленкасто меко крзно од сејбл, природното крзно нуди голема флексибилност за носење во текот на сите годишни времиња и во различни прилики.
Уникатната и многу побарувана бунда од рис создава посебен печат за секоја комбинација, обезбедувајќи класичен и единствено уникатен изглед во текот на зимскиот период.
Преку комбинирањето на различните видови на крзна во текот на целата сезона, го подигнувате Вашиот стил, обезбедувајќи гламурозен изглед и уникатност по која ќе бидете препознатливи во своето опкружување. Во нашето ателје изборот на бунди и крзнени производи за различни пригоди е навистина голем.
Сите модели имаат своја специфичност и ќе Ве освојат со својата топлина, мекост и удобност. Сите производи се произведени во Грција, а крзната се обезбедуваат од најпознатата аукциската куќа “SAGA Furs”, што претставува гаранција за висок квалитет и усогласеност со стандардите и регулативите на ЕУ.
Внесете доза на висока мода и луксуз во Вашиот дом или деловен простор. Во Fur Fashion Chionati Atelier, покрај бундите од природно крзно и модните додатоци, можете да најдете и голем избор на крзнени и кожни теписи, бланкети, табуретки, украсни перници, кожни подни облоги и сл.
Имено, станува збор за уникатни теписи и производи изработени од најдобрите коњски влакна (horse hair) и крокодилска кожа, кои се единствени од овој тип на нашиот пазар. Теписите се карактеризираат со нивната издржливост, топлина и текстура. Со своите врвни карактеристики, овие теписи нудат луксуз во Вашиот интериер.
Тие се достапни во различни димензии и форми, а можете да ги погледнете тука.
Брендот секојдневно се стреми кон спроведување на сите етички практики во производството и обработката на материјалите, како и почитување на законските регулативи, кои гарантираат хуман третман на животните. Високата професионалност и искуство на тимот придонесоа овие ексклузивни производи да бидат дел од приватните и деловните простории на брендови како „Луј Витон“, „Шанел“, „Прада“, „Версаче“ и др.
Исто така, брендот испорачува производи по нарачка, согласно барањата на секој клиент. Во изминатите години значајна е соработката со повеќе дизајнери и архитекти од Италија и други земји од Европа и светот.
Дознајте повеќе на www.furfashion.mk или на 071-252-242.