Како да го испланирате вашето патување, за безгрижно истражување на дестинацијата
- Детали
- вторник, 30 јануари 2024
Во светот во кој патувањата станаа составен дел од нашите животи, планирањето на совршен одмор никогаш не било поважно. Темелното истражување на вашата следна дестинација може да придонесе за безгрижно и пријатно запознавање на вашата посакувана локација. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат ефикасно да го испланирате вашето патување:
Поставете цел и буџет за патувањето: Определете буџет за вашиот одмор и користете кредитна картичка како алатка за следење на трошоците. Со редовно прегледување на изводите на картичката, можете да го следите вашето трошење и да се осигурате дека ќе останете во рамките на вашиот буџет.
Истражете ја вашата дестинација: Дознајте за нејзините главни атракции, историја, култура, кујна и локални обичаи. Читајте препораки и искуства од други патници за да стекнете вредни сознанија.
Размислете за временскиот период на патувањето: Избегнувајте патување во време кога може да има екстремни временски услови или преполни туристички места.
Изберете удобно сместување и транспорт: Сместувањето е можеби и најважниот дел од патувањето. Направете резервации однапред за да обезбедите подобри цени.
Халкбанк во својата палета на платежни картички ја додаде и Visa Travel. Се работи за кредитна платежна картичка наменета за сите клиенти кои се во редовен работен однос, приматели и неприматели на плата/пензија на кои им се одобрува кредитен лимит согласно нивната кредитоспособност, а кредитниот лимит изнесува до максимум 300.000 денари.
Оваа картичка e особено наменета за клиенти кои често патуваат или сакаат да патуваат низ Европа со автомобил. Со Visa Travel корисникот добива бенефиции како Халк асистенција на пат од Халк осигурување АД Скопје, бесплатно патничко осигурување со покритие од 10 дена за првата година, како и 10% намалување на цените на сите полиси за доброволно осигурување преку Халк осигурување АД Скопје.
На корисникот му следува и пристап до Drive Angel – мобилна апликација која ги предупредува возачите на небезбедно возење, овозможува итни повици и повици во случај на несреќа.
Корисникот на Visa Travel може да ги ужива и поволностите како плаќање на рати без камата и собирање бонус поени кај одредени трговци и користење на истите при секојдневните пазарувања на ПОС терминалите на Халкбанк АД Скопје. Покрај тоа, ако со Visa Travel картичката се направи резервација на Booking.com преку линкот наведен на веб-страницата на Халкбанк, 60 дена по успешно реализираниот престој, 4% од платениот износ ќе биде рефундиран на трансакциската сметка која е поврзана со картичката.