„Остериа“ - Вкусете ја магијата на италијанската кујна во срцето на Скопје
- Детали
- среда, 24 јануари 2024
Ресторанот „Остериа“ е ново катче во градот специјализирано за италијански специјалитети.
Речиси и да нема ресторан во Скопје во чие мени не е застапена италијанската кујна, но она што ја прави „Остериа“ поинакво и автентично место е токму тоа што ресторанот нуди специфични италијански рецепти кои не се нудат во речиси ниту еден ресторан во Скопје и Македонија.
Пијадина, пијадица, лазањи, чоколадна салама, широка палета на тестенини се само дел од менито кое секако е надополнето и со стандардни рецепти како омлет, палачинки, кроасани, чија пудинг, салати... Најразлични деликатеси можат да се вкусат во Italian kitchen & bar Osteria.
„Еден од специјалитетите на нашата кујна е пијадината. Станува збор за тенок италијански леб од областа Ромања. Се подготвува со бело брашно, маст или маслиново масло, сол и вода. Пијадината обично се сервира, односно е највкусна веднаш по подготовката. Топла, наполнета со различни сирења, пршута, зеленчук... А секако совршено се вклопува и со слатки филови, како нутела“ - споделуваат сопствениците на „Остериа“, кои се вистински љубители на италијанската кујна.
Поттикнати од љубовта и пасијата кон италијанскиот вкус тие решија да им овозможат на сите сладокусци да пробаат и искусат поинакви италијански специјалитети.
„Вистинско деликатесно изненадување за нашите гости е пијадицата. Неодолив спој на два типично италијански специјалитети: пијадина и пица. Пијадицата всушност ги обединува северот и југот. Пијадината е јадење од областа Емилија Ромања, додека пицата потекнува од Наполи. Двете јадења ја претставуваат италијанската кулинарска традиција и заедно формираат специјалитет со уникатен вкус. Ретко кој останува рамнодушен на нашите оригинални италијански рецепти“ - додаваат од „Остериа“.
Италијанската кујна веќе е познато дека е една од најпопуларните светски кујни. Се карактеризира со врвни вкусови, едноставни рецепти, неодоливи деликатеси.
Вкусни топли италијански специјалитети инспириран од италијанската традиција и подготвени со многу љубов, внимание и секако свежи намирници се конечно достапни за појадок, ручек или вечера.
Italian kitchen & bar Osteria е сместен е во срцето на градот, во центарот на Дебар Маало на ул. Наум Наумовски Борче, 62. Појдете и доживејте едно поинакво гастрономско искуство.
Остериа е многу повеќе од само храна и рецепти, Остериа е дестинација за мераклиски уживања.