Зошто е важна одлуката во која банка да примате плата?

Изборот на банка за примање на вашата плата, пензија, стипендија или дополнителни примања е важна одлука која влијае на квалитетот на вашето секојдневие и вашата иднина од повеќе аспекти. Од една страна се функционалностите, дигиталните услуги и бенефитите кои банката ги нуди за примателите на плата кои ќе ви донесат флексибилност, заштеда на време и пониски трошоци, но од друга страна е и репутацијата на банката и одговорното делување во располагањето со вашите средства, што директно влијае на општеството и животната средина во кое живеете.

zoshto-e-vazhna-odlukata-vo-koja-banka-da-primate-plata-01.jpg

Изборот на банка треба да се темели на доверба која произлегува од тоа колку банката сака да ве сослуша, разбере, насочи и да ве посоветува во донесување на правилни одлуки кога се во прашање вашите финансии. Односот кој го воспоставувате и искуството кое го градите со вашата банка во која сте примател на плата создава и подобри услови за вас доколку ви биде потребно да подигнете кредит, бидејќи банката ве познава и го знае вашето финансиско однесување.

Одлуката во која банка ќе примате плата истовремено треба да се заснова и на печатот кој вие го оставате во општеството преку таа соработка. Банките имаат огромен удел при одредувањето на насоката на движењето на економијата и на самата иднина на нашите општества.

Дали знаете дека парите што ги чувате во банка, односно вашата заштеда и платата што ја чувате на вашата трансакциска сметка, банката ги инвестира назад во економијата? Тоа е добро, се додека вашите средства се инвестираат во одговорни компании и проекти. Одговорното банкарство е начин да се осигура дека банките дејствуваат во најдобар интерес на нивните клиенти и на општеството и дека преземаат чекори за да помогнат во создавањето поздрава економска клима. Ова вклучува поддршка на мали и средни бизниси кои се моторот на економијата, стимулирање инвестиции во обновливи извори на енергија, промоција на штедење, промовирање на финансиската писменост и поттикнување одговорни деловни практики.

Како да се одлучите во која банка да примате плата?

Започнете со тоа што ќе се информирате за историјата, мисијата, визијата и вредностите на банката. Ова ќе ви го приближи начинот на кој банката работи, кои вредности ги почитува и негува и како ги третира своите клиенти. Исто така проверете ја нејзината репутацијата на пазарот. Погледнете дали банката инкорпорира ESG стандарди кои се доказ за одговорното и одржливото работење.

Многу важен показател е надворешната комуниција на персоналот на банката со клиентите што ќе ви овозможи да го оцените нивото на професионализам, компетентност, љубезност и одговорност на вработените, но и внатрешната комуникација, односно посветеноста на банката кон своите вработени и нивната лојаност кон институцијата.

Кога бирате банка во која ќе примате плата, секако важни се и придобивките кои банката ги нуди за своите своите клиенти.

Искористете ја промотивната понуда за приматели на плата во ПроКредит Банка и добијте бесплатни банкарски услуги за целата година

ПроКредит Банка преку кампањата „Направи ПРОмена за да добиеш повеќе нуди специјална промотивна понуда наменета за сите нови клиенти кои ќе одлучат да ја примаат својата плата преку банката, пакет со кој добивате 12 месеци бесплатни банкарски услуги, подобри услови и поголема флексибилност.

Сите клиенти кои ќе станат нови приматели на плата во промотивниот период до 31.01.2024, добиваат 12 месеци бесплатна членарина за Mastercard кредитна и дебитна картичка, бесплатно одржување на платежна сметка, бесплатно електронското банкарство и мобилна апликација. Уникатна финансиска услуга на нашиот пазар која ја добиваат клиентите на ПроКредит банка е и бесплатна Флекси штедна сметка со камата по видување, која овозможува флексибилно штедење со најповолни каматни стапки. Банката ја цени лојалноста на своите клиенти, па така примателите на плата добиваат и повластени каматни стапки за орочени депозити, како и за кредити.

ПроКредит е позната по својата високо-квалитетна и персонализирана услуга, па така секој клиент постојано и без надомест добива поддршка од стручен Советник за клиенти, кој е тука за совет за сите финансиски одлуки и идни инвестиции.

Со изборот на ПроКредит банка, покрај тоа што ќе уживате во специјалните поволности на пакетот за нови приматели на плата, ќе станете и дел од одговорна институција која инвестира во градење одржлива иднина.

Направете промена, продолжете да напредувате и одберете банка која го гледа светот на ист начин како и вие. Дознајте повеќе на следниот линк.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg