КАМ продолжува да ги надградува бенефициите за своите вработени

Континуирано вложување во своите вработени е главната цел на компанијата КАМ, поради што од почетокот на новата 2024 година компанијата воведе и голем број на бенефиции со кои овозможува подобри работни услови за сите вработени.

kam-prodolzhuva-da-gi-nadgraduva-beneficiite-za-svoite-vraboteni-02.jpg

КАМ сега вложува уште повеќе во здравјето на своите вработени со тоа што обезбедува тренинг-картичка за спортските ентузијасти, со која можат да си изберат спортски активности по желба, со партиципација од компанијата, како и ваучер за спортска опрема во вредност од 6.000 денари.

Почнувајќи од декември 2023 година, на лојалните вработени во секторите Продажба и Логистика двапати годишно им се исплаќаат бонуси, како и училишен пакет производи за децата на вработените кои одат на училиште, а дополнително секој вработен со принова во семејството добива подарок пакет со производи за новороденче.

- Една компанија може да биде успешна само доколку нејзините вработени се среќни и задоволни, а ние со секој нов нареден чекор се стремиме во таа насока. Нашите вработени се лицето на КАМ и секоја нова активност што ја преземаме е со идејата да создаваме атмосфера во која сите се чувствуваме како еден голем тим во кој секој е задоволен и сака да го даде својот максимум. Токму затоа сметаме дека овие бенефиции се клучни за да го подобриме секојдневието на нашите вработени. Константно размислуваме и работиме на тоа како да внесеме новитети и да одиме заедно уште понапред, како едно големо КАМ семејство. 2023 година ја завршивме со богата новогодишна претстава и со подарок пакетчиња за децата на нашите вработени, што беше посебно весел момент и за нас и за најмалечките – велат од менаџерскиот тим на компанијата.

kam-prodolzhuva-da-gi-nadgraduva-beneficiite-za-svoite-vraboteni-01.jpg

Неодамна КАМ ја дополни листата на бенефиции со зголемување на регресот за годишен одмор, воведе и платено колективно осигурување за сите свои вработени, а дополнително овозможи и платен превоз за вработените во маркети чие живеалиште е одалечено повеќе од 5 километри од маркетот во којшто работат.

КАМ доследно ја имплементира својата стратегија на континуирано вложување во вработените со проширување на листата на бенефиции и континуирано зголемување на платите. Компанијата има мрежа од 83 маркети низ цела Македонија, а има и свои маркети во соседна Бугарија и на Косово.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg