Трендовите за здрава исхрана се застапени во новата линија интегрални лебови на Жито Лукс
- Детали
- петок, 12 јануари 2024
Потрошувачите бараат поздрави и поразновидни видови леб, а пазарот се менува и прилагодува во насока на нивно задоволување. Здравјето кое доаѓа со консумирање производи базирани на здрави состојки, со максимално искористување на нутритивните вредности на растенијата, производство на специфични традиционални рачно изработени лебови со разни хранливи додатоци се едни од клучните трендови што го обликуваат пазарот, вели Антоанела Петровиќ, маркетинг и шопер маркетинг директор и член на Управниот одбор во Жито Лукс, во интервју дадено за Локално.
Како одговор на овие трендови и барањата на потрошувачите за здрава исхрана, Жито Лукс ја промовира новата линија интегрални лебови наречени 100% цело зрно кои се наменети за луѓе со активен животен стил, спортисти и адолесценти како дополнителен извор на енергија.
“Интегралниот леб со 100% цело зрно од ’рж кој e направен како комбинација од интегрално пченично и ’ржано брашно, претставува богат извор на диететски влакна и е вистински избор за здрава и урамнотежена исхрана. Дополнително збогатен со пченични никулци, тој е вистински природен извор на витамин Е. Посипот од овесни снегулки ја зголемува неговата хранливост и го збогатува вкусот. Интегралниот леб - 100% цело зрно со семиња е направен од интегрално пченично брашно со додаток на сончогледово семе, семе од тиква и пченични никулци. Внимателно избраните состојки и додадените семиња претставуваат природен извор на витамин Е, Омега-3 масни киселини, протеини, витамини и минерали кои даваат енергија и чувство на ситост. Ваквиот состав го прави овој леб совршен дел од здравата и избалансирана исхрана“, објаснува Петровиќ во интервјуто.
Покрај високата нутритивна вредност овие лебови имаат низок процент на масти поради што се препорачуваат и за одржување на витка линија. Кафеавата боја на лебовите потекнува од обвивката на пченичното и јачменово зрно без додаток на вештачки бои. Меки се, вкусни и можат лесно да се комбинираат со секој оброк, а долготрајната свежина се постигнува со процесот на пастеризација без додавање конзерванси.