Publicis Groupe креира 100.000 лични филмови за да се заблагодари на секој член на својот тим
- Детали
- четврток, 11 јануари 2024
Париз – 11 Јануари 2024 – По годината во која Publicis постигна многу први места - прво место по органски раст, прво по сите финансиски KPIs, прво по нов бизнис, прво по ESG, за да стане прв во индустријата по пазарна вредност - како секогаш, сакавме да ги ставиме нашите луѓе на прво место и да им се заблагодариме еден по еден, за помошта што ни ја дадоа за осигурување на првото место во 2023 година.
Затоа, ја започнуваме 2024 не со еден филм за Новогодишни желби, туку со 100.000 филмови. По еден за секој член од тимот на Publicis.
Во првиот експеримент од ваков вид, се обидовме да ги поместиме границите на AI генерираните видеа, раскажувањето и персонализацијата на највисокото можно ниво, па така вообичаената новогодишна порака од Генералниот Директор Артур Садун има невообичаен пресврт кога во кадарот ќе му се приклучат неговиот AI близнак, AI Directoire+ и AI Maurice.
Благодарение на нашата способност да собереме и поврземе информации за нашите луѓе преку нашата платформа Marcel, на секому што работи во Publicis и кој придонесе кон нашиот раст и успех, ќе му биде испратена персонализирана благодарница релевантна за нивните интереси и желби. А покрај тоа, Carla, Dave, Agathe, Nigel и дури и Maurice изгледа дека стекнале некои сосема нови вештини.
За да видите како персонализираните видеа соодветствуваат на вистинскиот јазик, на вистинскиот лидер и на вистинските интереси на една личност, низ 100.000 уникатни филмови, во продолжение ви прикажуваме 5 различни примери.
Погледнете како Carla & Arthur ѝ се заблагодаруваат на Eva, спортскиот Groupe Managing partner која живее во Австрија. Кликнете тука
Погледнете како Maurice и Arthur му се заблагодаруваат на Gabi, авантуристичкиот Business Lead од Сао Паоло. Кликнете тука
Погледнете како Nigel и Arthur му се заблагодаруваат на Youri, дизајнерот од Publicis Sapient со потекло од Сеул инспириран од танц, гимнастика и уметност. Кликнете тука.
Погледнете како Agathe и Arthur му се заблагодаруваат на Laure, мултилингвистичкиот Директор за човечки искуства од Париз, со голема страст за видео игрите како и уживање во природата. Кликнете тука
Погледнете како Dave и Arthur му се заблагодаруваат на Tony, EVP во Publicis Media, кој живее во Канада и сака патувања, спортови на вода и паркур. Кликнете тука