Видеолотарија Касинос Австрија во 2023 донираше 49.278.000 денари
- Детали
- вторник, 02 јануари 2024
Видеолотарија Касинос Австрија како модерна компанија, настојува да одговори на предизвиците и условите со кои се соочува модерното време на бизнисот. Општествената одговорност стана деловен императив и глобална идеја, а општествено одговорната работа и одржлив развој, станаа своевидно светско движење. Нашата компанија настојува да го негува овој тренд. Сакаме да бидеме одговорни кон сите, посебно кон ранливите категории во нашето општество.
Во текот на 2023 од нашиот буџет одвоивме фонд за донации во вкупен износ од 49.278.000 денари. И оваа година без исклучок, сакавме да дадеме свој придонес во спортот, образованието, културата. Оваа година сме горди на нашето партнерство со ФФМ, долгогодишната соработка со автомобилскиот шампион Игор Стефановски Иџе, соработките со Перо Антиќ и Кире Лазаров како наши бренд амбасадори, потоа КФСМ, КК Работнички, МК Севенти оне тим, ФК Шкупи, КБ МАИ ТАИ, ПИНК ПАНТЕР, СК Работнички, ФК Кул.
Со реализација на буџетот за донации, Видеолотарија Касинос Австрија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните, кои ќе продолжиме да ги негуваме и надградуваме и во иднина.
#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #ИграјСоНајдобрите