Реплек најавува уште поголем раст во 2024 година

28.12.2023, Скопје – „Реплек АД“ и во 2023 година продолжи со стратегијата на зајакнување на пазарните позиции, производното портфолио, како и промоцијата на потенцијалите, што придонесе годината да ја заврши со успешни резултати. Позитивниот тренд на финансиските резултати кои заклучно со септември донесоа 44% раст на приходите од продажба од фармација на Реплек продолжуваат до крајот на оваа година.

replek-najavuva-uste-pogolem-rast-vo-2024-godina-01.jpg

За 2024 година од компанијата најавуваат нов инвестициски циклус, кој ќе придонесе кон зголемување на производствените капацитети и во таа насока на натамошно унапредување на пазарните позиции. Исто така, ќе продолжат и со вложувањето во кадровскиот потенцијал и поддршката на заедницата.

„Се радуваме на успешно завршената година и со нова мотивација и свежина продолжуваме со засилено темпо во Новата година. Во 2023 година останаа многу од предизвиците поврзани со нестабилното опкружување, а се појавија и нови, но и покрај тоа Реплек успеа да расте и да ги унапредува своите позиции, како на странските, така и на домашниот пазар. За Реплек оваа година беше една од најуспешните. Вложениот труд и јасниот стратешки пат по кој тргнавме носи успеси за нашата компанија и јас верувам дека во новата година со инвестиции и иновации ќе оствариме уште поголем раст“, истакна Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек АД“.

replek-najavuva-uste-pogolem-rast-vo-2024-godina-02.jpg

Извозната стратегија, позиционирањето на домашниот пазар, како и внатрешната реорганизација, кадровското освежување и имплементацијата на иновации во производствениот процес се клучните фактори за растот на компанијата. Како резултат на тоа, во првите девет месеци од 2023 година 52% од растот на приходите е остварен во сегментот фармација на странски пазари, додека 21% раст на приходите е остварен на домашен пазар.

Реплек годинава доби и потврда за високиот квалитет на производите од Европската Агенција за лекови (ЕМА) која по четврти пат му го додели сертификатот EUGMP (Good manufacturing practice). Сертификатот е потврда за добра производствена пракса и претставува услов за влез на пазарот на ЕУ, како и за пласман на производите на други пазари. Ова претставува дополнителна можност за уште посилно зајакнување на извозот и освојување на нови пазари.

Компанијата е присутна на пазарите во Европската Унија, регионот Адриа, како и на пазарите во Централна и Југоисточна Азија, а дел од производите од фармацевтската програма на компанијата се едни од најпродаваните на одделни пазари, што е дополнителна потврда за квалитетот и високата конкурентност на глобално ниво. 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg