Нино Величковски: Се оженив на 22 години и брзо остарев!

 Нино Величковски имаше песна која велеше „Много лошо да си зет ама још полошо да си домазет. Оваа песна комплетно соодвествува со темата што оваа недела ја обработивме во „Нешто конкретно“.

nino-velickovski-se-ozeniv-na-22-godini-i-brzo-ostarev-01.jpg

Песната е отпеана на „Тумба фест“ и се уште е актуелна за тоа што има многу зетовци што се пронаоѓаат во неа. Нино ќе каже дека да си домазет е привилегија, а песната гласи вака:

Бел ден не сам ја видеа откако сам се оженија

изглоѓа ме како коску тај женина фамилија

Много тешко да си зет

Још полошо домазет

Чак ни ноќе немам сн

Ќе си умру ја без дн

Баба ми се само ребри

Дедо ме под око гледа

Жена љута

Не ми збори

Ја у куќу задна греда

Во студиото покрај Нино ги угостивме Катерина Тодеска Спасиќ, Мартин Видоевски и Бојана Стојменовиќ Петровска, од нив ќе дознаете што треба да си кажете пред брак, а што да преќутите откако ќе стапите во брак. 

Гледајте „Нешто конкретно“ секоја недела на Телма во 17.00 часот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg