Coca-Cola караванот од Скопје оди кон Битола

Додека бевме деца, бев сигурна дека Coca-Cola караванот е можен само на филмовите и рекламите. Светкавите камиони, најубавиот Дедо Мраз, беа само „научна фантастика“ пред повеќе од 20 години.

coca-cola-karavanot-od-skopje-odi-kon-bitola-01.jpg

Сега, магичниот Coca Cola караван е една од најубавите работи во предновогодишниот период во нашата земја.

Скопје уживаше во магијата минатиов петок и сабота, а караванот оди кон Битола, и веќе во среда и четврток (20 и 21 декември) ќе биде таму.

https://www.instagram.com/reel/C09yKvXrd-T/

Посетителите ќе може да уживаат во бројни празнични активности:

  • Правење „селфи“ со Coca-Cola Караванот и споделување на фотографии на социјалните мрежи;
  • Квиз „Дознај каков Дедо Мраз си“: Оваа година ги повикуваме посетителите да откријат каков тип на Дедо Мраз се, преку дигитален квиз и бесплатна Coca-Cola Zero од 0,5 л.;
  • Место за добротворни активности: Посетителите ќе може да го посетат местото за средби со Црвениот крст, да дознаат нешто повеќе за активностите на Црвениот крст и да се вклучат во нивната волонтерска програма;

  • Оброци: Посетителите ќе може да ја искусат празничната комбинација на оброци со локалниот партнер за оброци „Бистро Комедија“, кој ќе обезбеди празнични верзии на нивните познати менија;
  • Подароци: Оваа сезона на празници, посетителите ќе можат да подарат персонализирано шише Coca-Cola на своите пријатели или партнери/ки;
  • Празнична разгледница: Посетителите ќе може да изработат вистинска разгледница и да им ја пратат на нивните сакани;
  • Одржливост: Места за рециклирање и материјали од рециклирана хартија.

https://www.instagram.com/p/C06haOJsUSJ/

Повеќе информации за дестинациите на Караванот може да најдете на следниот линк.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg