Највкусните лукумадеси во Скопје: Благи со јаболко и цимет, солени со грчка фета

Скопје деновиве стана побогат град за уште една вкусна дестинација – продавницата Лукумадес – симболот на слатката медитеранска кујна.

najvkusnite-lukumadesi-vo-skopje-blagi-so-jabolko-i-cimet-soleni-so-grchka-feta01.jpg

Сместена во срцето на градот, на улица Македонија спроти Бикот, Лукумадес во околината шири неодоливи ароми на цимет, овошја, различни преливи и кафе направени со вкус и мерка.

najvkusnite-lukumadesi-vo-skopje-blagi-so-jabolko-i-cimet-soleni-so-grchka-feta-06.jpg

Во тоа и самите ќе се уверите уште при првото стапнување во ова волшебно место каде што најпрво ќе ве пречекаат љубезните и насмеани вработени и ќе ви понудат од идеално подготвените лукумадеси - крцкави однадвор и меки одвнатре, прелиени со преливи за да ја надополнат нивната текстура.

najvkusnite-lukumadesi-vo-skopje-blagi-so-jabolko-i-cimet-soleni-so-grchka-feta-02.jpg

За вкусовите велат не се зборува, но не и за вкусот на овие лукумадеси затоа што тој едноставно е незаборавен. При првото загризување на Лукумадесите од срцето на Скопје, ќе ве изненади нивното полнење со јаболко и цимет, со што секој залак прави поинаква приказна.

najvkusnite-lukumadesi-vo-skopje-blagi-so-jabolko-i-cimet-soleni-so-grchka-feta-03.jpg

Освен слатките, тука можете да најдете и солени лукумадеси кои можат да бидат со полнење со познатото грчко фета сирење. Со еден збор, кај овие делиции фантазијата навистина достигнала највисоко ниво.

Доколку сте љубители на сладолед, овде ќе ве пречекаат и различни видови домашни сладоледи од свежи состојки направени по оригинален рецепт при што можете да одберете дупло чоколадо или традиционалниот кајмаки сладолед што ќе го најдете само тука.

najvkusnite-lukumadesi-vo-skopje-blagi-so-jabolko-i-cimet-soleni-so-grchka-feta-07.jpg

Во ова време на различни потреби во исхраната, Лукумадес мисли и на веганите на кои им нуди лукумадес од веганско изработено тесто и специјален вегански сладолед.

И тогаш кога мислите дека сте вкусиле сѐ, од некаде ќе ја почувствувате аромата на совршеното кафе кое кога еднаш ќе го пробате, не верувам дека ќе се одлучите за некое друго.

najvkusnite-lukumadesi-vo-skopje-blagi-so-jabolko-i-cimet-soleni-so-grchka-feta-05.jpg

И да не заборавам – она што на авторот на овие редови му остави впечаток е алкохолниот пијалак ракомело направен од мед и зачини - пијалак кој досега не бил присутен на нашиот пазар.

Ете, приказната на Лукумадес само што започна во Скопје и веднаш стана бренд кој се препознава и на кој секогаш со радост ќе му се навраќате.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg