СКОПСКО ЈА ПРЕТСТАВИ СВОЈАТА ПРАЗНИЧНА КАМПАЊА: Ај па догодина...да ни се исполнат сите здравици

skopsko-ja-pretstavi-svojata-praznicna-kampanja-aj-pa-dogodina-da-ni-se-ispolnat-site-zdravici-02.jpg

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, нашиот најпознат пивски бренд, СКОПСКО, ја започна својата празнична кампања, во чиј фокус е најважното од празниците: времето поминато со луѓето што ни се блиски, убавите моменти што ги создаваме заедно со нив и здравиците и желбите што си ги посакуваме едни на други.

А токму тие здравици и желби, имаат нешто што им е заедничко и што важи за секое семејство, секое маало, секое место, секој град... А тоа е фразата „Ај па догодина...“, која е почеток на најубавите желби и здравици, што им ги посакуваме на нашите најблиски.

Во склоп на кампањата веќе се поставени билборди низ сите поголеми градови со различни пораки, а покрај ова, СКОПСКО планира и низа активности на социјалните медиуми, чија цел е да ги анимира и охрабри следачите да се приклучат на кампањата и да ги испратат своите најубави здравици.

И затоа, АЈ ПА ДОГОДИНА...ДА НИ СЕ ИСПОЛНАТ СИТЕ ЗДРАВИЦИ!

skopsko-ja-pretstavi-svojata-praznicna-kampanja-aj-pa-dogodina-da-ni-se-ispolnat-site-zdravici-01.jpg

skopsko-ja-pretstavi-svojata-praznicna-kampanja-aj-pa-dogodina-da-ni-se-ispolnat-site-zdravici-03.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg