Силна поддршка за македонското здравство: Mozzart годинава донираше повеќе од 35.000 евра

silna poddrska za makedonskoto zdravstvo mozzart godinava donirase povekje od 35000 evra

Медицинска опрема и апарати во текот на целата година пристигнуваа на адресите на здравствените установи низ Македонија, како би можеле докторите непречено да се грижат за пациентите.

Како и секоја претходна, така и оваа година компанијата Mozzart  одвои значителна сума за поддршка на здравствениот систем во Македонија.

Најголемата донација која компанијата Mozzart ја реализиаше оваа година беше на Клиниката за Неврологија во Скопје. На настанот присуствуваше и министерот за здравство д-р Фатмир Меџити.

Нов лик доби болницата „Ферид Мурад” во Гостивар, каде со поддршка на Mozzart, реконструирано беше педијатриското одделение, при што беа набавени нови бироа,гардероби,детски кревети,завеси,телевизори и медицинска опрема.

Обновено беше и Одделението за цистична фиброза на Детската клиника во Скопје, каде стариот и дотраен мебел ја отежнуваше работата на персоналот. Сега одделението има еден целосно нов лик, а вработените многу подобри услови за работа.

Mozzart и изминатите години има остварено голем број донации во здравствените установи во Македонија, како што е донација на лекови и медицински материјал во болницата во Штип, болнички инвентар за Здравствен дом Тетово за просториите за имунизација и итна помош, ЕКГ апарат за општа болница Битола и многу други.

Во 2024 година, компанијата Mozzart ќе продолжи со силната поддршка на здравството, како еден од главните столбови на општеството и заедницата.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg