Покана за учество на виртуелна конференција „Патот кон единствениот европски пазар“
- Детали
- петок, 27 ноември 2020
Во очекување на стартот на преговорите за пристапување кон Европската унија, Фондација Претприемачки Сервис за Млади на 3ти декември за прв пат ќе организира виртуелна конференција на тема „Патот кон единствениот европски пазар“.
Целта на конференцијата е да се покрене свеста за тоа што всушност значи да се биде дел од единствениот европски пазар како и за влијанието кое пристапувањето го има за економскиот раст, креирањето нови работни места, подобрување на конкурентноста на претпријатијата, нивото на инвестиции и др.
Учество на конференцијата ќе земат врвни европски експерти, истражувачи и креатори на политики за унапредување на ефикасноста на единствениот европски пазар.
За време на конференцијата публиката ќе има можност да се запознае со искуството на некои земји-членки како Финска, Чешка и Германија. Исто така, учесниците на конференцијата ќе имаат можност да се информираат за алатките кои Европската Комисија ги има на располагање за граѓаните и компаниите за олеснување на правата за непречено вработување, студирање и водење бизнис во рамки на Европската унија.
Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат на виртуелната конференција потребно е да се регистрираат на веб страната.
Официјален јазик на конференцијата е англиски.