Гејмај и не ги мрси прстите: Квики организира голем гејминг настан со јутјуберот Steffonator

Дали е возможно да грицкаш, а воедно да не си ги мрсиш прстите додека играш видео игра?

gejmaj-i-ne-gi-mrsi-prstite-kviki-organizira-golem-gejming-nastan-so-steffonator-01.jpg

Тајната ќе ви ја открие познатиот јутјубер Steffonator кој заедно со КВИКИ најавуваат супер забава за сите големи и мали љубители на видео игри.

Од 22 до 28 јуни 2020 година на официјалниот јутјуб канал на Steffonator ќе се одржи првиот гејминг настан, насловен како КВИКИ – ГЕЈМАЈ И НЕ ГИ МРСИ ПРСТИТЕ наменет за сите гејмери кои ќе можат да си ги одмерат силите против Steffonator во Fortnite, видео - играта која минатата година ја освои престижната титула Ultimate Game Of The Year. Официјални грицки за време на настанот се секако Квики, најкрцкавите и највскусните переци, солени стапчиња, рипчиња и гриц кои на воодушевување на сите, не ги мрсат прстите додека се играат видео игри.

Наградниот фонд за гејминг настанот е во висина од околу 35.000 денари, односно прва награда 15.000 денари, втора награда 9.000 денари, трета награда 6.000 денари и 10 Квики пакет производи.

Повеќе информации околу начинот на пријавување, правилата за учество и начинот на бодување ќе можете да прочитате на фан страната на Квики Македонија на Фејсбук - www.facebook.com/Kviki-Makedonija

 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg