Слаткаристика ветува одлична забава на фестивалот „Мозаик“ во СЦ „Борис Трајковски“ (Видео)
- Детали
- вторник, 25 февруари 2020
Миленикот на хип хоп заедницата и еден од најпознатите македонски музички артисти- Слаткаристика во видео порака ветува одлична забава на МОЗАИК 2020.
Во А1 Арена „Борис Трајковски“ ги слушаме „Да полетам“, „Дијаманти“, „Марадона“, „Тик Так“ и многу други од мозаикот на хитови на добропознатиот хип хоп артист.
Првиот „Мозаик“ фестивал се одржува под мотото „Затоа што заедно сме посилни“, а на 28.02 во А1 Арена „Борис Трајковски“ покрај Слаткаристика ќе настапат и: Нокаут, Сам, Ферус Мустафов, Владо Јаневски и Елита 5. Картите по цени од 150 и 200 денари, може да се набават во продажната мрежа на МК Тикетс.
Бидете и вие дел од најдобриот музички мозаик!