Фестивал Мозаик - Домашните ѕвезди на петчасовен концерт во СЦ „Борис Трајковски“

Под мотото „Заедно сме посилни“, домашната естрада се обединува на заедничкиот целовечерен фестивал „Мозаик 2020“.

festival-mozaik-domashnite-dzvezdi-na-petchasoven-koncert-vo-sc-boris-trajkovski-01.jpg

На 28-ми февруари во СЦ „Борис Трајковски“, посетителите ќе имаат можност да уживаат во петчасовен музички спектал и да слушнат дел од најголемите домашни ѕвезди.

Свои концерти во иста вечер ќе имаат чаирскиот романтичар Владо Јаневски, највлијателниот хип хоп артист Слаткаристика и неговиот гостин,кралот на ромската музика- Ферус Мустафов, еден од најактуелните хип хоп и рап музичари- Сам, легендарните рокери „Елита 5“ и групата „Нокаут“ кои со својата временска машина ќе не прошетаат низ нивната 22 годишна музичка кариера.  

Фестивалот „Мозаик 2020“ ќе започне во 20:00, а ќе трае пет часа. Картите се по цени од 150 и 200 денари и веќе се пуштени во продажба на МКТИКЕТС.

По Скопје, концертната турнеја продолжува во Прилеп и Куманово.

Бидете и вие дел од најдобриот музички мозаик!

festival-mozaik-domashnite-dzvezdi-na-petchasoven-koncert-vo-sc-boris-trajkovski-02.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg