Скопје подготвено за утрешниот настап на Deborah De Luca!
- Детали
- петок, 27 декември 2019
Техно кралицата Deborah De Luca утревечер ќе настапи пред македонската публика во А1 Арената, а сцената ќе ја дели со Rinia Rinia и норвешкото диџејско дуо Eric Small and Carina Helen.
Поставена е бина од 60 м2 со над 30м2 LED дисплеи и над 120 светлечки тела што ќе им доловат на посетителите да се чувствуваат како да се дел од светските техно подиуми, а направени се и тестирања на аудио опремата со што со сигурност може да гарантира одличен звук.
Deborah De Luca несомнено е нај скромниот артист, на листата на нејзините барања се наоѓа само вода од кокос и здрава храна. Ќе биде сместена во ексклузивниот Double Three by Hilton, за неа имаат подготвено неколку изненадувања за добредојде помеѓу кои се наоѓа и дрес од Македонската Фудбалска Репрезентација со нејзиното презиме.
Настанот ќе започне во 22 часот и ќе трае до раните утрински часови, нејзиниот настап е закажан за 2 часот по полноќ а публиката ќе може да ужива цели 120 минути во урбаниот звук. Преостанат е мал контингент на билети и истите ќе бидат достапни на билетарата во А1 Арена.