Струмичката гимназија со мјузикл за Тоше Проески
- Детали
- четврток, 27 декември 2012
Голем хуманитарен новогодишно-божиќен мјузикл (концерт) „Музика и хуманост и граници“ ќе се одржи на 4-ти јануари во Струмица.
Гимназијалците од струмичкото средно училиште „Јане Сандански“ во салата на НУЦК „Антон Панов“ ќе изведат 35 песни на Тоше Проески собрани во 80-минутен мјузикл.
„Годинава учениците ќе ја реализираат долгопосакуваната идеја за чествување на музиката и делото на најголемиот хуманист. Овој концерт се подготвува со огромно задоволство и љубов бидејќи не води хуманоста на Тоше Проески. Преку пеење, свирење, глума и танц ќе ја искажеме својата почит кон великанот и ќе одиграме неколку сегменти од неговиот живот“, вели диригентот на хорот при СОУ „Јане Сандански“.
Струмичката гимназија и Младинскиот совет од Струмица веќе трета година организираат хуманитарен концерт во јануари со различни празнични тематики. Учество на концертот ќе земат над 70 ученици од хорот, оркестарот, драмската секција и балетските групи од училиштето „Јане Сандански“.
Влезницата е симболична, со подарок под елката која ќе биде поставена пред големата сала, а средствата ќе бидат наменети за загрозени семејства на кои им е неопходно внимание и љубов во периодот на празниците.
Во прилог видеа од досегашните настапи на хорот: