Сара Маркоска ја освои публиката на Макфест

Сара Маркоска е девојката која годинава триумфираше на Макфест. Композицијата „После него“ ја освои првата награда од публиката како и наградата за најдобар дебитант.

sara-markoska-ja-osvoi-publikata-na-makfest

Добитници на другите награди кои се доделуваат на овој фестивал се следните:

- Најслушана песна помеѓу два фестивала: Дарко Илиевски и Никола Пауновиќ – Јас сум тој

- Најдобар сценски настап: Кристијан Тодороски Кико – Одиме до крај на граници

- Најдобар текст: Огнен Неделковски за „Кога си одиш“ на Иван Раденов

- Најдобар аранжман и наградата „Драган Ѓаконовски – Шпато“: Зоран Алексиќ за „Не ме заслужуваш“ на бендот Виктори

- Награда „Тоше Проески“ за интерпретација: Тамара Тодевска – Готово е

Според жири комисијата, трите наградени композиции се:

1. „Готово е“ на Тамара Тодевска

2. „Мојот сон“ на Соња Кочиќ

3. „Пази ме ти“ на Александар Белов и Милица Мајсторовиќ

Според гласовите на публиката:

1. Сара Маркоска – После него

2. Тамара Тодевска – Готово е

3. Биба Додева – Сети се штом заврне

Честитки за Сара, воедно и за годинешната организација на целиот Макфест. Очигледно е дека одиме напред и може да очекуваме промени.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg