Како звучи кога двајца момци ќе го препеат албумот на Бијонсе за само 6 минути? (видео)
Кога пее Бијонсе, сè звучи совршено и мислите дека не може подобро, но ако слушнете како нејзините песни ги пеат двајца момци, без придружба на инструменти, ќе сфатите дека секогаш може подобро.
Мич Граси и Скот Хојинг се двајца момци од акапела групата „Pentatonix“ кои често прават кавер верзии на познати песни и албуми.
Имаат неверојатна способност и талент да го модулираат гласот од најниски до највисоки тонови, па на тој начин добиваат звук на кој може да му позавидат многу музичари.
Овојпат, тие направиле кавер верзија на најновиот албум на Бијонсе, каде сите песни ги пеат по малку, но тоа е одлично искомбинирано во само 6 минути и звучи фантастично.
Преслушајте ја кавер верзијата која ќе ве воодушеви: