Неверојатна вокална изведба на „Јовано, Јованке“
Perpetum Jezzile е една од најспектакуларните и најголемите словенечки вокални групи, составена од мешан хор, битбоксери, диригент и дополнителни музички соработници.
Како група брои околу 50 членови. Каде и да се појават на сцената предизвикуваат буквална вокална екстаза.
Како што и самите велат, сцената е нивно платно кое го бојат со нивните гласови, кои ги комбинираат и го доведуваат делото до совршенство. Насмевките ги водат напред и ги потсетуваат дека она што го прават го прават со цело срце и душа.
Токму такви, позитивни, непосредни и маестрални патуваат низ светот настапуваат и будат посебни емоции.
За нас нема поголема чест од тоа кога странски музичари ќе бидат толку допрени од македонските мелодии и ритми и ќе успеат да преработат песна како „Јовано, Јованке“.
Особено, кога тоа го прават со толку љубов и почит!
Одлично ги преработуваат и модерните песни, како „Titanium“ - David Guetta ft. Sia
Исто толку добри им се и класичните преработки како „True Colours“- Cyndi Lauper