Даниел Кајмакоски ја промовираше и српската верзија на „10 Лета“ - „Деценије“
Една недела по промоција на првиот сингл 10 ЛЕТА, Даниел ја промовираше и српската верзија со наслов “Деценије”.
Премиерно песната беше изведена во емисијата Ами Г шоу во редовниот термин вторник навечер, по што утредента следеше и радиска премиера на Накси Радио (Белград).
“Сите мои наредни проекти ќе имаат македонска и српска верзија, бидејќи публиката и фановите кои ме поддржуваа и сеуште поддржуваат во Македонија и во регионот го заслужуваат тоа” – изјави денес Даниел Кајмакоски при гостувањето на утринската програма на Пинк телевизија.
Автор на песната (музика и текст) е Александра Милутиновиќ, за аранжманот и продукција беше задолжен Дарко Димитров.
Како и “10 Лета”, така и “Деценије” е промовирана заедно со видео спот кој само треба да го дополни уживањето во песната и дополнително да ги освои фановите во регионот.