„Тајна отровна“ на Владо Јаневски и уште 6 македонски хитови што се инспирирани од странски песни
Игор Џамбазов – „Хотел Македонија“
Во време на бегалската криза во 1999-та година, Игор Џамбазов направи римејк на оригиналната песна на „Eagles“, „Hotel California“, објавена во 1977-ма година.
Ристо Самарџиев – „Таму кај што си“
Песната на Ристо Самарџиев „Таму кај што си“ потсетува на песната „I numeri“ на италијанскиот пејач Jovanotti. Акордите се слични, но очигледно е дека Ристо успеал да направи нешто сосема поинакво.
Игор Џамбазов – „My way“
На „Златна бубамара“ во 2016-та година, Игор Џамбазов настапи со преработка на познатата песна на Френк Синатра, „My way“.
Владо Јаневски – „Тајна отровна“
Малкумина знаат дека една од најпознатите песни на Владо Јаневски, „Тајна отровна“ всушност е инспирирана од познатата руска песна „Позови меня с собой“, оригинално отпеана во 1993-та година од пејачката Татјана Снежина.
По нејзината смрт во 1995-та година, песната ја пее Ала Пугачева и важи за една од најпопуларните руски поп песни.
Б. С. Б. | Црнобело