Бестрашните пилотки и уште два нови раскошни романи кои ќе ве воодушеват

Летото го одбројува последниот месец и доколку не го искористивте барем летниот одмор за читање на некоја нова книга, тогаш сте направиле голем пропуст.

Bestrashnite-pilotki-i-uste-dve-novi-knigi-01.jpg

Но, сè уште имате време да надоместите. Впрочем, не постои лошо време за добра книга, а ние имаме три нови, одлични предлози – раскошни романи кои апсолутно ќе ве воодушеват, од првата до последната страница:

Бестрашните пилотки – Ноел Салазар

1941 година. Одри Колтрејн отсекогаш сакала да лета. Затоа уште од мали нозе го преколнувала татка си да ја научи на малиот аеродром во близина на нивниот дом во Тексас. Затоа се пријавува да обучува воени пилоти во Хаваи кога почнува војната во Европа.

И затоа не е заинтересирана за никаква романса која би можела да ја оддалечи од сонот, дури ни со шармантниот поручник Џејмс Харт, кој набрзо ѝ станува подеднакво ценет пријател како и жените со кои лета. Еден судбоносен ден, се наоѓа затекната во воздухот над Перл Харбор баш кога бомбите почнуваат да паѓаат, и одеднаш повеќе никаде не се чувствува безбедно.

Bestrashnite-pilotki-i-uste-dve-novi-knigi (1).jpg

Крв и убавина – Сара Дунант

Кон крајот на 15 век, убавината и творештвото на Италија биле на исто рамниште со нејзината суровост и корупција, но никаде во толкава мера како во Рим и во самата Црква. Кога кардиналот Родриго Борџија си го купил патот до кралскиот престол и станал Александар VI.

Тој не се идентификувал само преку богатството или страсната љубов кон вонбрачните деца што ги имал, туку преку самата негова крв: тој бил шпански папа во град управуван од Италијанците.

Овој харизматичен, врвен политичар со огромна љубов за животот, жените и моќта, морал да ги искористи својата папска моќ и сопственото семејство на патот до успехот.

Bestrashnite-pilotki-i-uste-dve-novi-knigi (2).jpg

Продавница за животни промени – Рафаела Жордано

Базил, пронаоѓач, раздвижувач на невроните со несекојдневна генијалност, нè води во еден поетско-уметнички свет што го скокотка умот и поттикнува да скршне од униформното размислување.

Отвора „бихевиористичка“ продавница од трет вид: за провокативни предмети што ги будат фантазијата, креативноста и го поттикнуваат отворањето на умот. Џулија, надарен „нос за парфеми“, мечтае да внесе душа во својот занает, а нејзиниот син Артур, бунтовен тинејџер, се труди да си го открие местото во светот во кој припаѓа.

Наспроти нив е Лујза Мортеј, уредничката на општинскиот весник која сака по секоја цена да ја затвори чудната продавница.

Bestrashnite-pilotki-i-uste-dve-novi-knigi (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
3 одлични книги за самопомош, што ќе ви ги откријат тајните за поголем душевен мир Како да научите да се ослободите и да побегнете од перфекционистичките очекувања...
4 книжевни предлози од македонските инстаграмџики Нашите инстаграмџики често знаат да се пофалат дека читаат одредени книги. Кои с...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...
3 помалку познати книжевни класици што вреди да им дадете шанса Кога ќе се спомне Франц Кафка, сигурно веднаш помислувате на романот „Процес“, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg