Феноменални книги од два неверојатни писатели кои ги изгубивме прерано

Тие имаа да му дадат на светот уште многу повеќе. За жал, книжевното небо остана без две сјајни ѕвезди – Карлос Руиз Зафон и Лусинда Рајли.

Fenomenalni-knigi-na-Lusinda-Rajli-i-Karlos-Ruiz-Zafon-01.jpg

Зафон ја напиша култната „Сенка на ветрот“, најуспешниот роман во шпанската книжевна историја после „Дон Кихот“. Зафон почина на 55-годишна возраст, но зад себе остави творештво кое ги допре срцата на многумина читатели и направи сите да се вљубиме во неговата безвременска Барселона.

Ирската писателка Лусинда Рајли исто така ја загуби борбата со ракот како и Зафон, на 56-годишна возраст. Сагата за седумте сестри беше круна на нејзината кариера, а таа макотрпно работела на неа, дури и додека се борела со болеста.

Три одлични книги на Лусинда Рајли:

Загубената сестра

Приказна која ги носи читателите до епското финале на сагата за Седумте сестри. Ова е последната книга за сестрите Д’Аплиез. Секоја од шесте сестри има неверојатна животна приказна. Но, останува прашањето – која е седмата сестра во семејството и каде е таа?

Сестрите ќе го превртат светот за да ја најдат загубената сестра. Тие имаат само еден патоказ до неа – цртеж на ѕвездест смарагден прстен. Барањето на загубената сестра ќе ги одведе низ целиот свет – од Нов Зеланд до Канада, Англија, Франција и Ирска, обединувајќи ги сите во една мисија; да го соберат целото семејство на едно место.

Fenomenalni-knigi-na-Lusinda-Rajli-i-Karlos-Ruiz-Zafon (7).jpg

Собата на пеперутките

Поузи Монтакју се приближува до својот 70-ти роденден. Адмирал Хаус, нејзиниот сакан дом од детството полека се распаѓа. Таа е свесна дека мора да донесе тешка одлука и да го продаде имотот. Но, одеднаш се појавува Фреди, нејзината прва љубов кој ја напуштил и ја оставил со скршено срце пред 50 години.

Поузи не е сигурна дали може да му верува на Фреди и неговата љубов. А, тој и Адмирал хаус долги години кријат страшна тајна. Фреди е свесен дека ако сака да го продолжи животот со Поузи, одново ќе мора да ѝ го скрши срцето.

Fenomenalni-knigi-na-Lusinda-Rajli-i-Karlos-Ruiz-Zafon (6).jpg

Полноќна роза

Почеток на 20-ти век, Индија: 11-годишната Анахита која потекнува од благородно, но сиромашно семејство, се спријателува со принцезата Индира која ја придружува каде и да оди.

Непосредно пред избувнувањето на Првата светска војна, двете заминуваат на патување во Англија, каде што се запознаваат со младиот Доналд Астебери, наследник на богат и величествен имот. Анахита и Доналд се вљубуваат еден во друг, но разликите помеѓу нив не им дозволуваат да бидат заедно.

Fenomenalni-knigi-na-Lusinda-Rajli-i-Karlos-Ruiz-Zafon (3).jpg

Три одлични книги на Карлос Руиз Зафон:

Сенка на ветрот

Барселона, 1945 година. Градот полека закрепнува војната, а Даниел, син на трговец со антикварни книги, наоѓа утеха во загадочната книга „СЕНКА НА ВЕТРОТ“, дело на извесен Хулијан Караш. Но, кога почнува да бара и други книги од истиот автор, дознава дека некој систематски го уништува секој примерок од книгите што ги напишал Караш.

Наскоро, неговата привидно безизлезна потрага, ја отвора вратата на една од најмрачните тајни на Барселона – епска приказна за убиства, лудило и проколната љубов.

Fenomenalni-knigi-na-Lusinda-Rajli-i-Karlos-Ruiz-Zafon (5).jpg

Марина

Оскар Драј ги минува деновите шетајќи се низ улиците на Барселона во близина на интернатот во којшто престојува додека е на училиште. Еден ден, тој случајно влегува во куќата на Марина и нејзиниот татко.

Тројцата полека се спријателуваат и оформуваат неверојатно длабока врска. Заедно се впуштаат во авантура за откривање на загатката скриена во минатото на овој град за таинствениот Михаил Колвеник, кој не сакајќи да ја прифати смртта тргнал на поход против неа за да го поправи непоправливото.

Fenomenalni-knigi-na-Lusinda-Rajli-i-Karlos-Ruiz-Zafon (2).jpg

Лавиринт на духовите (1 и 2 дел)

Барселона, 1938 година. Една мартовска вечер по подолго отсуство, Фермин Ромеро де Торес се враќа во Барселона со намера да го посети семејството на неговиот починат пријател.

Но, само што ќе пристигне кај нив, започнува стравотно бомбардирање на градот и тој успева да ја спаси само Алиса, 8-годишната ќерка на пријателот. Во вториот бран на бомби врз градот, на Алиса ѝ се губи секоја трага. Фермин очајнички се обидува да ја пронајде, но неговите напори остануваат залудни…

Fenomenalni-knigi-na-Lusinda-Rajli-i-Karlos-Ruiz-Zafon (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg