Како да читате повеќе книги?
Познавајќи го ритамот на денешницата, некогаш е тешко да најдете време за читање во својот дневен распоред.
За да го промените тоа, потребни ви се неколку добро размислени постапки.
Почнете редоследно:
Купете и водете си дневник на прочитаните книги
Забележете во кој дел од денот најмногу добивате желба за читање и за колку страни отприлика имате внимание.
Ако го повторувате ова секој ден, многу брзо читањето во тој период ќе ви стане навика и рутина.
Прашајте се зошто читате?
Ако помислите на тоа што ќе го прочитате во наредните 10 дена и како позитивно влијание ќе има во наредните 10 месеци или можеби години – ќе си дадете доволна причина да одвоите повеќе време.
Книгата нека биде секогаш со вас
На работната маса, во чантата каде и да тргнете, покрај креветот... за кога и да имате 10 минути слободни, да прочитате барем неколку страни.
Читајте тематики кои ве интересираат вас
Нека не ве ограничуваат бестселерите и книгите кои секој мора да ги прочита. Ако некоја книга не ви се допаѓа од првите 10 страни – оставете ја.
Слушајте аудио книги
Океј, можеби не е класично читање, но е многу побрзо и поедноставно. Аудио верзијата може да ја користите за книги кои ви требаат за деловно усовршување или потешка, стручна литература.
М. Д. | Црнобело