3 книги со кои одлично ќе го пополните времето дома во текот на корона вирусот
Согласно мерките за претпазливост утврдени од страна на Министерството за здравство, една од главните препораки е да го ограничиме движењето и да седиме дома.
Деновиве започна да кружи интересен хаштаг #СиСедимеДома, па и вие може да споделите некоја добра идеја како најдобро може да се искористи времето поминато дома, без да се чувствувате здодевно.
Ние имаме една одлична – да прочитате нешто добро и интересно. Доколку им дадете шанса на овие 3 книги и вистински се внесете во содржината, нема да имате време ниту желба за излегување надвор:
Еднаш и Тогаш – Морис Глицман
„Еднаш побегнав од сиропиталиште за да ги најдам мама и тато. Еднаш спасив девојче по име Зелда од запалена куќа. Еднаш насмеав нацист. Се викам Феликс. Ова е мојата приказна“.
„Еднаш“ е приказна за едно Еврејче кое е решено да побегне од сиропиталиштето каде што живее за да ги спаси своите родители Евреи од нацистите во окупирана Полска за време на Втораta светска војна.
Исповедите на Катерина Медичи - К.В. Гортнер
За некои таа е Кралицата која ја воведе Франција во ерата на дивјачкото насилство. За други таа е посветен спасител на Француската монархија.
Избегнувајќи ја сигурната смрт во родната Фиренца, Катерина Медичи ја мажат на францускиот двор за Анри, синот на Франсоа I.
Откако останува вдовица со 6 деца, советувана од Нострадамус, Катерина Медичи започнува да ја води неуморната битка против француското благородништво.
Истанбул – Орхан Памук
„Истанбул“ е прекрасен омаж каков што и му прилега на овој голем град. Евокативна и документаристичка, автобиографска и историска, Орхан Памук во оваа книга пишува прекрасна „песна“ за градот во кој се родил и во кој сè уште живее и пишува.
Тој ни раскажува за детството, за елитното средно училиште, за архитектонскиот факултет, за неговите родители и омилената баба…
(О)Милена | Црнобело