Сè е за*бано: книга за надежта и уште 2 други кои ќе ви ја вратат вербата во животот

Чувствувате ненадеен пад на енергијата после сивилото на бесконечно долгиот јануари? Можеби е време да прочитате нешто што ќе ве натера да размислувате и полека ќе ви ја врати волјата за живот.

Knigi-za-nadezta-01.jpg

Насмевката е евтин начин да си го промените надворешниот изглед… но и душата. Еве што препорачуваме да прочитате:

Сè е за*бано: книга за надежта - Марк Менсон

Марк Менсон е авторот на интернационалниот бестселер „Е, баш ме заболе“, а пред нас го имаме неговиот нов контраинтуитивен водич за проблемите со надежта.

Живееме во интересно време. Материјално, сè е подобро од кога и да е, но некако сè изгледа како да е непоправливо и ужасно заебано. Што се случува? Ако некој може да ја именува нашата моментна малодушност и да ни помогне да ја решиме, тоа е Марк Менсон.

se-e-za-bano-kniga-za-nadezta-i-uste-2-drugi-koi-ke-vi-ja-vratat-verbata-vo-zivotot-02.jpg

Оваа слобода – Пјерлуиџи Капело

Капело раскажува за своето детство, за откривањето на книгите, пропаѓањето во вителот на инвалидитетот, очајот и борбата да ја надмине реалноста за повторно да најде надеж и волја за живот.

Читањето и моќта на имагинацијата му овозможуваат на нараторот врзан за креветот, во тело коешто не го препознава како свое да најде нови начини да се чувствува и да живее слободно, и покрај физичките ограничувања што му ги наметнува предавничкото тело во коешто е заробен.

se-e-za-bano-kniga-za-nadezta-i-uste-2-drugi-koi-ke-vi-ja-vratat-verbata-vo-zivotot-03.jpg

Кафка на брегот – Харуки Мураками

Тинејџерот-бегалец Кафка Тамура го напушта својот дом со замисла дека треба да стане најцврстиот 15-годишник на светот. Во меѓувреме се случува убиство–таткото на Тамура е убиен и полицијата е во потрага по убиецот.

Убиениот господин Тамура е опишан како некој кој живеел повлечено, изработувал скулптури со уникатен стил кои добиле признанија низ целиот свет. Мураками уште еднаш мајсторски ни раскажува дека кога две или повеќе празнини ќе се спојат, може да произлезе нешто волшебно.

Knigi-za-nadezta (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg