Книги што треба да прочитате ако сте љубител на „Хари Потер“
Го сакаме Хари Потер, а претпоставуваме дека и вие го сакате, што значи, како и нас, веројатно бевте прилично тажни кога серијалот заврши.
Секогаш можете да ги прочитате книгите повторно, но денес ќе зборуваме за книгите кои би можеле да ви се допаднат доколку сте љубител на Хари Потер.
Miss Peregrine’s Home for Peculiar Children - Ransom Riggs
Оваа тематски темна фантастична книга на Ригс зборува за едно младо момче, кое патува во еден дом за деца со посебни моќи, како невидливост, натчовечка сила и пророчки соништа.
Вреди да се види и филмската верзија на Тим Бартон, откако ќе ја прочитате книгата, се разбира.
The Magicians - Lev Grossman
Првиот дел на трилогијата не запознава со Квентин, средношколката во Бруклин, која се запишува на факултет за магија во Њујорк. Да, звучи како Хари Потер, но тематски, оваа книга е многу посериозна од Хари Потер, бидејќи вклучува егзистенцијализам и секс.
The Goldfinch - Donna Tartt
Ремек делото на Тарт е роман во стил на Дикенс. Зборува за младо сираче кое се бори за да се снајде во суровиот свет со помош на украдена слика и неговиот пријател Борис. Нема магија во книгата, но врската на Тео и Борис потсетува на онаа помеѓу Рон, Хермиона и Хари.
Ender’s Game - Orson Scott Card
Овој воен научно фантастичен роман ја прикажува иднината на Земјата. Главен лик е момче наречено Ендер Вигин, кое тргнува да ја спаси својата планета.
Neverwhere - Neil Gaiman
Под метежот и вревата на лондонските улици се наоѓа темен алтернативен град (наречен London Below) каде живеат чудовишта и убијци, светци и ангели.
The Book of Lost Things - John Connolly
Дејвид е 12-годишник кој живее во Лондон во времето на Втората светска војна и се бори да се справи со смртта на неговата мајка и новиот брак на неговиот татко.
Откако авион ќе се урне во неговата градина, Дејвид ќе се транспортира во светот на фантазиите на своите книги, каде што ќе мора да го бара кралот за да го најде патот дома.
Ашера | Црнобело