Филмови со (релативно) мал буџет кои се покажаа како вистински хит и заработија милиони

Култниот Monty Python and the Holy Grail имал буџет од само 400.000 долари, но успеа да заработи дури 5 милиони.

filmovi-so-relativno-mal-budzhet-koi-se-pokazhaa-kako-vistinski-hit-i-zarabotija-milioni-01.jpg

Холивудските блокбастери имаат милионски буџети. Бидејќи филмските студија веруваат во нивниот успех, вложуваат огромни суми, а заработуваат уште повеќе.

На пример, за снимањето на култниот Titanic биле одвоени дури 200 милиони долари, а заработката од филмот изнесува неверојатни 2 милијарди долари.

Некогаш, пак, студијата не веруваат дека филмот ќе постигне успех, па одвојуваат (релативно) мал буџет од само неколку милиони – сума која е навистина ниска за холивудско студио.

Но, големиот буџет не значи и добар филм, а важи и обратното.

Односно, постојат многу филмови кои имале релативно мал буџет, но се покажале како вистински хит и заработиле милиони.

Филмови кои во најмала рака ја дуплираа сумата од нивните буџети:

Reservoir Dogs

  • Буџет: 1,2 милиони долари
  • Заработка: 2,9 милиони долари

Ова е првиот долгометражен филм на Квентин Тарантино, па не е ни чудно што режисерот добил толку мал буџет.

Главните ликови се крадци кои планираат да ограбат златара, но нештата воопшто не им одат по план.

;

Monty Python and the Holy Grail

  • Буџет: 400.000 долари
  • Заработка: 5 милиони долари

Култната британска комедија е инспирирана од легендата за кралот Артур. Филмот е всушност пародија на мисијата на кралот Артур да го најде светиот грал.

Интересно е што некои од највпечатливите детали во филмот, како тропањето со лушпи од кокос кои треба да претставуваат галопирање на коњ, се поради малиот буџет.

Annabelle

  • Буџет: 6,5 милиони долари
  • Заработка: 257,6 милиони долари

Овој филм е „спин-оф“ од популарниот хорор-серијал Тhe Counjouring, а дејството го раскажува потеклото на проколнатата кукла Анабел.

Иако филмот не беше добро прифатен од критикчарите, заработката кажува дека фановите не останале рамнодушни.

;

City of God (португалски: Cidade de Deus)

  • Буџет: 3,3 милиони долари
  • Заработка: 30,6 милиони долари

City of God е бразилски филм и е адаптација на истоимената книга од Пауло Линс. Истовремено, дејството на филот е и делумно инспирирано од вистински настани.

Дејството е сместено во Рио де Жанеиро и се фокусира на криминалот во градот.

Продолжува на следната страница...

American Psycho

  • Буџет: 7 милиони долари
  • Заработка: 34,3 милиони долари

Во American Psycho, Кристијан Бејл глуми богаташ од Њујорк кој пробува да ја скрие неговата злобна страна од колегите и пријателите.

Неговиот лик е психопат кој почнува да убива.

Филмот има доста вознемирувачки сцени, но ова е една од најдобрите изведби на Бејл и дефинитивно вреди да се погледне.

The King’s Speech

  • Буџет: 15 милиони долари
  • Заработка: 427,4 милиони долари

Историската драма на режисерот Том Хупер опфаќа период од животот на кралот Џорџ VI (таткото на Елизабета) и неговиот обид да се справи со пелтечењето.

Кралот посетува терапевт, а сцените во ординацијата нема да ве остават рамнодушни.

;

Being John Malkovich

  • Буџет: 13 милиони долари
  • Заработка: 32,4 милиони долари

Малку чуден, но дефинитвно забавен филм.

Главните ликови кои ги глумат Камерон Диаз и Џон Кусак наоѓаат мала скриена врата која води до умот на актерот Џон Малковиќ.

Donnie Darko

  • Буџет: 4,5 милиони долари
  • Заработка: 7,5 милиони долари

Уште еден чуден, и по малку збунувачки филм.

Ова е улогата што го прослави Џејк Гиленхал, а веројатно ќе треба да го изгледате филмот барем двапати за целосно да го сфатите.

Ликот на Џејк е тинејџер кој „за влакно“ избегнува бизарна несреќа, по што почнува да има халуцинации, односно да гледа маж со морничава маска кој го манипулира.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg