10 нови романтични филмови на Нетфликс кои ќе ви го стопат срцето
Можеби се топиме како сладолед на жежок асфалт поради високите летни температури, но никој не би одбил малку романтика која ќе го зачини и најлошиот ден и ќе ни ги стопи срцата од емоции.
Нетфликс го има вистинскиот рецепт за овој жанр, а ние ги одбравме овие 10 кои несомнено ќе ја разбудат заспаната романтична страна во вас:
Purple Hearts
И покрај огромните разлики и несогласувања помеѓу нив, млада и надежна музичарка силно ќе се вљуби во еден војник, како и тој во неа.
2 Hearts
Животите на два среќни пара од различни генерации и места се спојуваат поради уникатната врска која се формира помеѓу нив.
Persuasion
Кога Фредерик Вентворт ненадејно ќе се врати во животот на Ен Елиот, таа ќе мора да избере дали да го остави минатото зад себе или да го слуша своето срце кога станува збор за втора шанса.
A Perfect Pairing
Со цел да придобие голем клиент, експерт за вино заминува од Лос Анџелес во Австралија за да работи на фарма покрај груб и мистериозен локалец.
Hello, Goodbye and Everything in Between
Клер и Ејдан прават заеднички договор – дека ќе раскинат пред да тргнат на факултет. На последниот состанок, повторно посетувајќи познати но и неочекувани места, двајцата се прашуваат: да останат заедно или да си кажат збогум засекогаш?