5 филмови кои докажуваат дека понекогаш е подобро да изгубите

Нема ништо лошо понекогаш да не го добиеме она што го сакаме. Бидејќи, за да направиме чекор напред, честопати мораме да направиме два чекора назад. Во продолжение листа со филмови кои ќе ве научат токму на оваа лекција во животот. 

5-filmovi-koi-dokazhuvaat-deka-ponekogash-e-podobro-da-izgubite-01.png

Понекогаш е подобро да се изгуби, а овие филмови се доказ за тоа:

Eat, Pray, and Love

Кога Елизабет ќе помине низ болен развод и ќе се најде сама на 30 години, таа сфаќа дека е целосно изгубена помеѓу нејзината писателска кариера и бракот кој ја гуши.

Така, таа одлучува дека единствениот начин да открие што сака во животот е да оди на патување една година. Останува да живее 4 месеци во Италија, а потоа во Индија и Бали, со една единствена цел: да се открие себеси.

Jersey Girl

Кога Оли ја губи својата успешна кариера и неговата сопруга на денот кога таа ќе се породи, тој останува со својата новородена ќерка и неволно се враќа во родниот град за да живее со својот татко.

Минуваат години, Оли ја запознава Маја, но неговата желба да си го врати стариот гламурозен живот не згаснува. Приказната нè тера да размислуваме за важните работи во животот, за ударите на судбината и за изборите што ги правиме секој ден.

Someone Great

Овој филм ја раскажува приказната за Џени, која по болното раскинување на денот на нејзиното преселување во Сан Франциско, поминува една последна ноќ со нејзините пријателки Блер и Един во Њујорк.

Филмот зборува за загуба, љубов и растење. Тоа нè тера да разбереме дека има работи за кои треба да се бориме и работи што треба да ги оставиме.

The Pursuit of Happyness

Годината е 1981 година, а Крис и Линда се младо семејство кое финансиски се бори поради неуспешниот бизнис на Крис.

Ситуацијата ескалира кога Линда е принудена да започне втора работа и ги напушта Крис и нејзиниот мал син Кристофер.

Со месеци, двајцата се принудени да спијат во засолништа и јавни тоалети, додека на Крис не му се даде шанса да започне пробен период во агенција за недвижности.

Проблемот е што за 3 месеци ќе биде јасно дали ќе го назначат, а немаат пари периодов. Филм кој докажува дека штом сте го допреле дното, единствениот пат е нагоре.

Vicky, Christina, Barcelona

Дветe пријателки Вики и Кристина решаваат да го поминат летото во Барселона, не знаејќи дека ќе се вплеткaaт во многу авантури.

Не сакајќи, двете се заљубуваат во истиот маж, чија поранешна сопруга се враќа во најнеповолниот момент.

Погледнете го филмот и ќе разберете дека постои разлика помеѓу она што го сакаме и она што сме подготвени да го издржиме за да го имаме.

М. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 носталгични филмови што ќе ве вратат во (средно)школските денови Никогаш нема да погрешите со Mean Girls, а ако сакате филм со посериозна тема, и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg