Како изгледаат актерите од мексиканската серија „Нескротливи срца“, 17 години подоцна?
Оние кои пораснаа со мексиканските и аргентински тинејџ-серии сигурно се сеќаваат на уште еден хит – Нескротливи срца, но сигурно имате заборавено дека во неа глумеше и Луис Фонси. Како изгледаат денес актерите?
Во почетокот на 2000-ите години, во тинејџерските денови, омилени ни беа латино-американските серии, заради кои со нетрпение очекувавме да се вратиме од училиште.
Најчесто се емитуваа во 11 и во 15 часот, едно премиерно и едно репризно издание, а тинејџерските приказни ги освојуваа срцата на младите гледачи.
Секако, најголем хит беше „Млади бунтовници“, но по неа се емитуваа уште неколку слични серии, како аргентинската „Ангели“ и мексиканската „Нескротливи срца“.
Се сеќавате ли на приказната за љубовниот триаголник помеѓу младата и бунтовна Дијана Антилон, која била испратена во интернат од татко ѝ за да се скроти, Браулио Валдарес, момчето во кое Дијана се вљубува на прв поглед и неговата другарка Кони, која е вљубена во него, но тој не ѝ ја возвраќа љубовта.
Во серијата се претставени тинејџерски драми, сплетки, згоди и незгоди, влегување во опасен свет, дружба помеѓу средношколци, љубовни приказни и семејни проблеми.
Од снимањето на серијата во 2004 поминаа 17 години и сигурно сте подзаборавиле на актерите, па ретко кој се сеќава дека во серијата глумеше и Луис Фонси.