10 филмови и серии кои ќе ви го стопат срцето на крајот од годината, идеални за новогодишната ноќ
Booksmart
Ејми и Моли се одлични ученички кои за време на целото средно образование не го тргнале погледот од книгите. Но, ноќта пред матурата сфаќаат колку многу пропуштиле и решаваат да направат сè во текот на една единствена вечер.
Chewing Gum
Трејси Гордон, религиозна млада 24-годишна девојка целосно опседната со Бијонсе сфаќа дека знае многу помалку за светот околу неа отколку што мисли.
Toy Story 4
Вуди и Баз тргнуваат во нова авантура заедно со Бони, новото девојче кое ги поседува играчките. Но на патувањето Вуди неочекувано се среќава со одамна изгубената играчка, Бо Пип.
Dickinson
Серија која прикажува дел од животот на Емили Дикинсон и нејзината лична перспектива кон животот, општеството, родовата нееднаквост и семејните односи во текот на 19 век.
The Farewell
Семејството на Били се враќа во Кина под изговор дека се подготвува свадба, кога целта е да се простат од најстариот член на семејството која умира. Очигледно сите ја знаат оваа информација, освен бабата која нема поим дека ѝ остануваат само неколку недели живот.
(О)Милена | Црнобело