15 латино-американски серии кои го обележаа нашето минато

Љубов и омраза (2002)

Љубов и омраза дефинитивно претставува една од запомнетите теленовели. Оваа серија го освои целиот свет, како и нашата земја.

Приказна за тенката граница помеѓу љубовта и омразата на навидум грубиот, а сепак жеден за љубов Октавио и младата, невина Ана Кристина.

Млади бунтовници (2002-2003)

Нескромно е да се каже дека ова е најпознатата латино-американска серија која некогаш се појавила на малите екрани.

Покрај незаборавните Миа, Мануел, Пабло и Марица мораме да ја споменеме и атрактивната Соња Реј која дефинитивно претставуваше секс симбол за многумина од машката популација.

Скриени страсти (2003)

Приказната се врти околу браќата Рејес, и сестрите Елизондо. Браќата Хуан, Франко и Оскар Рејес потиштени од смртта на нивната сестра, заминуваат во потрага по виновникот.

Тие одат на ранчот на фамилијата Елизондо и се заљубуваат во трите сестри Норма, Химена и Сарита кои всушност се ќерки на злобната Габриела Елизондо, за која браќата Рејес сметаат дека е вистинскиот виновник за сестрината смрт.

Но, барајќи одмазда секој од нив започнува љубовна приказна која ги спречува сите нивни планови.

Нескротливи срца (2004)

Повторно тинејџерска серија во која преовладуваат секојдневните случувања, подеми и падови на младите луѓе, а дејствието особено се врти помеѓу младата Дијана и заводникот Браулио.

Овие двајца млади луѓе се вљубуваат на прв поглед, но се среќаваат со бројни потешкотии, бидејќи Браулио припаѓа на сосема поинаков свет од оној на Дијана.

Дрогата, алкохолизмот и проституцијата се дел од оваа серија и преку тој опасен свет гледачите допираат до вистинската порака која се состои во секоја од епизодите.

Руби (2004-2005)

Серијата за неодоливата убавица „без срце“ освои неколку награди, како и најглавната за најдобра теленовела за 2005 година.

„Es una descarada por ser la mas hermosa.“, почетните стихови на тематската нумера која ја надополнуваше фаталната убавина на младата Руби која примамуваше воздишки не само од машката, туку и од женската популација.

Теленовела која нѐ научи дека материјалните нешта и физичкиот изглед се минлива работа и дека на крајот секој го добива она што го заслужил.

Маќеа (2005)

Приказна за лажно обвинетата Мариа која завршува во зандани и таму поминува 20 тешки години одделена од нејзините деца.

Откако ја одлежува својата казна, таа излегува посилна и поподготвена од кога било и е решена да се одмазди за неправдата која ѝ е нанесена и да ја врати назад љубовта на своите деца, Хектор и Естреља.

Одлучна е да го најде вистинскиот виновник и му се спротиставува на својот сопруг Естебан, човек кој сега го мрази бидејќи ја оставил сама во најтешките мигови.

Грдата Лети (2006)

Една од најуспешните продукции на телевизиската куќа Televisa. Серија полна со хумористично-романтични сцени предводени од извонредната Анхелика Вале во улога на Летисија Падиља Солис (грдата Лети).

Младата, драга, интелигентна, но тотално непривлечна девојка со својата неспретност секојдневно примамуваше насмевки пред ТВ екраните.

Ангели (2007)

Ангели (Casi Angeles) е тинејџерска теленовела која раскажува за неколку деца кои се посвоени од злобните Бартоломе и Хустина и живеат под нивен надзор во една вила.

Но, причината поради која децата сакаат да избегаат од моменталниот живот е тоа што нивниот старател ги учи да крадат.

Aктерската постава од серијата има основано и музичка група „Teen Angels“ која ги задоволуваше фановите со концерти и постигна голем успех насекаде низ светот.

Печат на оваа серија особено остави русокосата Сиело Махико, по која машкиот пол лудуваше.


Претпоставуваме дека со нашиот избор на латино-американски серии за миг ве вративме назад во едно поинакво телевизиско време.

Па, кои серии би ги додале вие? 

 Мила М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 мини-серии на Нетфликс што се гледаат во еден викенд Љубителите на хорор треба да ја изгледаат The Fall of the House of Usher, додека...
10 мрачни трилери кои нема да ви дадат мир до самиот крај Drive со Рајан Гослинг и Prisoners со Хју Џекмен и Џејк Џиленхол се одлични и на...
Тврдат дека татко им ги силувал како момчиња, па затоа го убиле – Кои се браќата Менендез за кои Нет...  „Ме тераше да го масирам и орално да го задоволувам“ – тврдеше Ерик Мененд...
Ги гледав првите две епизоди од серијата „Сабја“ за атентатот врз Зоран Ѓинѓиќ – Зошто не можам да г... Зошто Зоран Ѓинѓиќ бил убиен? Кој бил радикалниот чекор што тој го направил за д...
10 филмови со кучиња кои можете да ги гледате и со вашите деца Љубовта кон животните е посебна, а кучето, како најдобар пријател на човекот, мо...
Серијата „Сабја“ е посветена на атентатот врз Ѓинѓиќ од 2003-та година: „Не сакавме да го прикажеме ... „Не сакавме да зборуваме за некој спасител. Еден дел од Србија го идеализира Зор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg