10-те најдобри филмови на Џерард Батлер
49-годишниот шкотски актер ја започнал скромно својата актерска кариера, појавувајќи се во мали, споредни улоги како онаа во филмот со Џејмс Бонд, Утрешнината никогаш не умира.
Батлер по професија е адвокат, но сепак никогаш не работел по струката. Улогите во филмовите The Phantom of the Opera, Law Abiding Citizen и P.S. I Love You му донесоа светска слава, а оваа година е актуелен со акцискиот блокбастер Angel Has Fallen, продолжение на филмовите Olympus Has Fallen (2013) и London Has Fallen (2016).
Погледнете ги следните 10 најдобри филмови со Џерард Батлер во главната улога:
Law Abiding Citizen (2009)
Неговото семејство е брутално убиено, а убиецот е ослободен благодарение на спогодба со јавниот обвинител. Очајниот сопруг и родител решава да ја земе правдата во своите раце.
Shattered (2007)
Животот на едно навидум совршено семејство е целосно нарушен од страна на киднаперот и неговиот брутално ефикасен план.
The Ugly Truth (2009)
Аби е ТВ продуцент која ја презема контролата на шоу кое се емитува во утринските часови, а го води шовинистички, мизогин водител.
The Phantom of the Opera (2004)
Кристин е талентирана, млада оперска певица која станува предмет на опсесија на музички генијалец со нагрдено лице кој живее под париската оперска куќа.
300 (2006)
Приказна за Кралот Леонидас од Спарта и армија од 300 луѓе што се бореле со Персијците во Термопили во 480 година пред новата ера.