25 години од серијата „Мојот т.н. живот“, во чиј главен лик бевме вљубени сите

Братот на Џаред Лето се појавува во серијата

Постариот брат на Лето, Шенон се појавува како еден од членовите на бендот, односно тапанарот на Frozen Embryos. Неколку години подоцна, во 1998 година, двајцата браќа ќе основаат вистински рок-бенд насловен 30 Seconds To Mars.

25-godini-od-serijata-Mojot-tn-zivot (9).jpg

Само во 2 епизоди нараторот не е Анџела

Анџела Чејс односно Клер Дејнс е нараторот во сите епизоди од ТВ серијата, освен во две: „Weekend“ чиј наратор е Даниел Чејс и „Life of Brian“ кој ја зборува Брајан Краков.

25-godini-od-serijata-Mojot-tn-zivot (7).jpg

Серијата била во натпревар со FRIENDS

Иако критичарите ѝ дадоа многу позитивни оценки на серијата, сепак гледаноста не била ни оддалеку добра, бидејќи главниот ривал била токму FRIENDS која се емитувала на NBC.

25-godini-od-serijata-Mojot-tn-zivot (6).jpg

Обожавателите се обиделе да ја спасат серијата

Во 1995 година операцијата „Средства за одржување во живот“ била започната од страна на група обожаватели кои се обидувале да ја спасат серијата, со цел да се продолжи со снимање.

Ова е првата on-line кампања спроведена со ваква цел. Сепак, серијата завршила со 1 сезона и вкупно 19 епизоди поради ниската гледаност, како и одлуката на Клер Дејнс да не го глуми повеќе ликот на Анџела.

25-godini-od-serijata-Mojot-tn-zivot (4).jpg

Клер Дејнс освоила Златен глобус за улогата

Во 1994 година, 15-годишната Дејнс освоила Златен глобус за улогата на Анџела во серијата „Мојот таканаречен живот“, иако не сакала да продолжи со нејзиното снимање.

25-godini-od-serijata-Mojot-tn-zivot (8).jpg

Серијата продолжила со книга

Поради прераното откажување на понатамошното снимање на серијата, во 1999 година била издадена книгата „Мојот таканаречен живот продолжува (My So-Called Life Goes On) од писателката Кетрин Кларк.

25-godini-od-serijata-Mojot-tn-zivot (5).jpg

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...
Колку се променија ѕвездите од „Вовед во анатомија“ речиси 20 години по премиерата? Д-р Дерек Шепард е остарен и оседен, но уште го има заводничкиот шарм во себе, а...
Тврдат дека татко им ги силувал како момчиња, па затоа го убиле – Кои се браќата Менендез за кои Нет...  „Ме тераше да го масирам и орално да го задоволувам“ – тврдеше Ерик Мененд...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
Ги гледав првите две епизоди од серијата „Сабја“ за атентатот врз Зоран Ѓинѓиќ – Зошто не можам да г... Зошто Зоран Ѓинѓиќ бил убиен? Кој бил радикалниот чекор што тој го направил за д...
10 мрачни трилери кои нема да ви дадат мир до самиот крај Drive со Рајан Гослинг и Prisoners со Хју Џекмен и Џејк Џиленхол се одлични и на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg