10 напнати филмови за сите опседнати со Escape Rooms (соби со загатки)
Доколку сте од оние кои обожаваат да решаваат загатки, сакаат предизвици и игри со адреналин, овие филмови дефинитивно треба да се најдат на вашата листа за гледање.
Escape Room или во превод – соба од која треба да избегате, најчесто во себе имаат одредени загатки кои треба да се решат.
Дали може да го предвидите крајот на следните 10 одлични филмови?
Exam (2009)
8 кандидати, 60 минути, работа од соништата. Сите кои се сместени во истата соба треба да го пронајдат точниот одговор, но кое е прашањето?
Fermat’s Room (2007)
Четворица луѓе, секој експерт во својата област, се поканети на забава со мистериозен домаќин. Математичките предизвици започнуваат, а секој погрешен одговор полека ја смалува собата…
Infinity Chamber (2016)
Еден човек е заробен во целосно автоматизиран затвор. Дали тој ќе успее да го надмудри компјутерот кој управува со затворот?
Phone Booth (2002)
Замислете дека вашата Escape Room е всушност телефонска говорница. Еден случајно одговорен повик го комплицира животот на Стјуарт, кој е мета на снајперист.
Cube (1997)
Вистинско ремек-дело помеѓу филмовите од овој тип. 6 луѓе кои воопшто не се познаваат се заробени во огромен квадратен лавиринт и мора да соработуваат со цел да ги избегнат смртоносните замки.