10 среќни филмови и цртани кои ќе ви го поправат расположението и во најлошиот ден
Toy Story 4
Во новата авантура на играчките, Вуди, Баз и остатокот од бандата тргнуваат на патување со Бони, новата сопственичка. Вуди ќе се сретне со одамна изгубената пријателка Бо Пип, но како што разговараат за старите, добри денови, Вуди сфаќа дека тие се многу оддалечени и имаат сосема поинакви сфаќања за тоа што значи да се биде нечија играчка.
Bridget Jones‘ Diary
Бриџит има вишок килограми, несмасна е и безнадежно вљубена во нејзиниот претпоставен. Она за што ќе мисли дека е нејзината најубава љубовна авантура, ќе заврши со солзи и скршено срце. Но, Бриџит Џонс не би била она што е, доколку се предава така лесно.
Big Hero 6
Хиро Хамада се зближува со големиот робот на надувување Бајмакс. Со помошта на неговите пријатели, тој се обидува да направи група од супер роботи.
Sing Street
Во текот на ’80-тите години и рецесијата во Даблин, Конор е принуден да се префрли од приватно во јавно училиште. Додека се обидува да се адаптира на новите услови, тој решава да формира свој бенд.
Pride
1984 година, Велс. Рударите организираат штрајк, а ЛГБТ заедницата решава да им се придружи во знак на поддршка.
(О)Милена | Црнобело