10 среќни филмови и цртани кои ќе ви го поправат расположението и во најлошиот ден
На сите ни треба развеселување, без оглед на причините кои ни го расипале денот. Да ги ставиме во една иста колона и да ги наречеме „живот“. А кога животот е премногу суров, кисел и нефер, потребна ви е малку смеа да ви го поправи расположението.
За вас имаме избор од 10 неодоливо среќни филмови и цртани:
My Big Fat Greek Wedding 2
Многу години после нејзината „Голема, дебела, грчка свадба“, Тула се соочува со реалноста – нејзиниот брак не е романтичен и возбудлив како на почетокот, а нејзината ќерка која е веќе тинејџерка одбива да ги прифати грчките традиции и навики.
Кога во семејството Портокалос се открива тајна од минатото, целото семејство е на нозе за подготовка на уште поголема, грчка свадба.
Ratatouille
Иако е само стаорец, Реми сонува да стане познат, светски готвач. Со цел да ги оствари своите соништа се сели во Париз. Со помошта на несмасниот кујнски помошник Лингвини, Реми добива шанса да готви за еден од најпознатите гастрономски критичари… но, дали храната на Реми е навистина добра?
Temple Grandin
Автобиографски филм за Мери Темпл Грандин, американска професорка на Универзитетот во Колорадо. Таа е аутистична, автор на бестселер, советник во сточарската индустрија која го истражувала однесувањето на животните и креатор на т.н. „машина за гушкање“ наменета за хипер сензитивните луѓе.
Eddie the Eagle
Мајкл „Еди“ Едвардс има големи соништа, но не е доволно добар да стане дел од олимпискиот натпреварувачки тим. Кога судбината ќе го однесе до Бронсон, тој станува неговиот тренер. Со одлучноста и несопирливиот дух на „Орелот Еди“ тој стигнува до Зимските олимписки игри во Калгари, Алберта во 1988 година.
Pitch Perfect
Бека сонува да стане познат музички продуцент. Но, нејзиниот татко ја принудува да заврши прво факултет. Таму ќе го пронајде женскиот акапела хор „The Barden Bellas“ со чија помош Бека ќе сфати дека во животот е сосема нормално да те интересираат повеќе работи истовремено, а пред сè – колку се важни пријателите.