10 адреналински филмови од 2019 година со жени-хероини во главните улоги
Првата половина од тековната 2019 веќе помина, а филмските изненадувања не запираат. Оваа година (ќе) имаме можност да погледнеме одлични филмски остварувања.
Но, она што е особено за восхит е во колку многу од овие акциски, адреналински филмови жените ги носат главните улоги, улоги кои во текот на годините без резервирани само за мажите.
Доколку сакате филмски викенд исполнет со возбуда, адреналин и жени-хероини, ова се нашите 10 предлози:
Alita: Battle Angel
Дејствието е сместено неколку векови во иднината. Доктор кој поправа роботи пронаоѓа делови од напуштената Алита на ѓубриште. Тој ја составува Алита во неговата клиника. Таа се буди без никаква меморија за себе, но како што поминува времето, Алита почнува да се сеќава на делови од минатото… и која е таа всушност.
Furie
Во овој неверојатен акциски трилер имаме можност да ја видиме непокорната Hai Phuong и нејзината желба за одмазда. Откако нејзината ќерка ќе биде киднапирана од страна на шверцери со бело робје, таа се враќа во Сајгон со цел да ја пронајде и да им се одмазди на киднаперите.
Captain Marvel
Марвел е Кри воинка која се наоѓа помеѓу интергалактичка војна – онаа на нејзиниот вид и видот наречен Скрулс. Но, кога Марвел ќе пристигне на планетата Земја во 1995 година, почнува да се присетува на делчиња од минатото, идентитетот на Керол Денверс и нејзиниот живот како пилот.
Godzilla: King Of The Monsters
Кога огромното чудовиште Годзила се здружува со уште неколку од неговиот вид како Мотра, Родан и неговиот најголем непријател, триглавиот Гидора, се чини дека сите митови за овие суштества се всушност вистинити, а целиот човечки род и опстанок се наоѓа во опасност.
X-Men: Dark Phoenix
Како еден од најомилените женски херои во сагата Марвел, доктор Џин Греј ќе прерасне со Темниот Феникс? Како таа ќе стане најсилниот мутант наспрема сите останати?