10 помалку познати комични филмови и серии кои ќе ви го подобрат расположението
Филм: Sex Drive
Иан е симпатичен, но малку срамежлив и наивен тинејџер кој мисли дека е последниот во државата кој сè уште ја нема изгубено невиноста. Заедно со своите најдобри пријатели тргнува на патување со мисија – да ја запознае девојката со која се допишува на интернет и конечно да има секс.
Серија: Happy Endings
Со години Дејв и Алекс се синоним за совршена двојка помеѓу пријателите. Тие се всушност оние кои го „држат“ целото друштво. Но, кога Алекс го остава Дејв на олтарот, сите пријатели мора да пронајдат начин како да продолжат да функционираат заедно.
Филм: Accepted
Бартлби се подготвува за колеџ, но наскоро открива дека е одбиен од сите каде што аплицирал. Тој добива неверојатна идеја – заедно со уште неколку други одбиени да основа свој факултет. Но, она што започнува како мала идеја, прераснува во нешто огромно.
Серија: Odd Mom Out
Џил Вебер е ексцентрична жена која мора да балансира помеѓу нормалниот живот кој го посакува и оној во кој е принудена да учествува поради богатото семејство на нејзиниот сопруг.
Филм: Friends With Kids
Џули и Џејсон се најдобри пријатели со години. Двајцата добиваат идеја – да имаат дете, без притоа да станат пар. Но, што се случува кога двајцата ќе започнат да се гледаат со други луѓе?
(О)Милена | Црнобело