10 помалку познати комични филмови и серии кои ќе ви го подобрат расположението
Во стресно време како денешното, малку (или повеќе) смеа никогаш не е одвишок. Имаме 10 предлози за вас – 5 филмови и 5 серии кои не се толку многу познати, а сепак се прилично квалитетни и одлично ќе го пополнат вашето слободно време.
Подобрувањето на расположението е уште еден нус ефект од следните 10 филмски предлози:
Серија: Trial & Error
Лавинија Пек е една од најомилените жени во градот. Таа е харизматична и по малку ексцентрична, своеглава и обожавана од многумина. Лавинија е обвинета дека го убила нејзиниот сопруг. На одбраната ѝ останува да ја докаже нејзината невиност…
Филм: Chef
Успешен готвач во познат ресторан дава отказ и купува камионче за продажба на храна. На овој начин се надева дека ќе ја ослободи својата креативност, повторно ќе доживее успех и попатно ќе успее да ги среди односите со своето семејство.
Серија: Superstore
Огромниот хипер маркет е локацијата каде што се одвиваат сите комични настани помеѓу вработените во Cloud 9 Superstore.
Филм: Frequently Asked Questions About Time Travel
Тројца безработни другари го трошат своето време пиејќи во локалниот паб. Кога едниот од нив оди во тоалетот пред него се случува визија од иднината во којашто сите гости во пабот се масакрирани.
Серија: Better Off Ted
Животот на Тед е практично совршен. Тој е успешен, млад човек кој го води одделот за иновации и развој на една компанија. Сè додека не започне да ги истражува и анализира малку подетално сомнителните бизнис тактики на компанијата…