Колку се променија ликовите од Stranger Things од првата до последната епизода?
Stranger Things стана една од најгледаните серии на денешницата. Атмосферата што нè враќа во 80-тите, музиката и ликовите што веднаш нè освоија ѝ го загарантира успехот на оваa необична приказна.
Но дали сте размислиле за тоа колку се променија ликовите во текот на трите сезони?
Внимавајте - следуваат спојлери:
Илевн
Прво појавување: Сезона 1, епизода 1
Прв пат ја видовме Илевн како бега од заробеништво и се обидува да украде помфрит. Во третата сезона прв пат се појавува во првата епизода како се бакнува со Мајк, а потоа го заплашува Дастин со нејзините супермоќи.
Мајк Вилер
Прво појавување: Сезона 1, епизода 1
Прв пат го гледаме Мајк како игра Dungeons & Dragons во неговиот подрум со неговите пријатели. Играта е прекината откако неговата мајка ги известува дека утре треба да одат на училиште. Во третата сезона прв пат се појавува во првата епизода како ја бакнува Ел, но и овој пат е прекинат од родител – Хопер.
Вил Бајерс
Прво појавување: Сезона 1, епизода 1
Прв пат го гледаме Вил во подрумот на Мајкл. Откако мајка му на Мајк ја растура забавата, Вил си оди дома со неговиот велосипед и тогаш почнуваат чудните нешта. Во третата сезона прв пат го гледаме во прва епизода на кино со неговите пријатели, кога почнува да чувствува дека нешто не е во ред.
Лукас Синклер
Прво појавување: Сезона 1, епизода 1
И Лукас најпрво го гледаме во подрумот на Мајк. Во третата сезона прв пат се појавува додека се обидува скришно да влезе во кино со Вил, Мајк и Макс.
Ерика Синклер
Прво појавување: Сезона 2, епизода 2
Креаторите ни открија дека Лукас има помала сестра дури во втората сезона. Ерика прв пат се појавува во епизодата со Ноќта на вештерките, кога го нарекува Лукас бубалица бидејќи е преправен во лик од Ghostbusters.
Во првото појавување во трета сезона, Ерика повторно му вели на Лукас дека е бубалица. Ова е навистина интересен лик што конечно доби своја приказна во последната сезона.
Дастин Хендерсон
Прво појавување: Сезона 1, епизода 1
Прв пат го гледаме Дастин во подрумот на Мајк. Во третата сезона прв пат се појавува откако се враќа од кампување, каде што го чека интересно изненадување од неговите пријатели.
Ненси Вилер
Прво појавување: Сезона 1, епизода 1
Ненси прв пат се појавува во првата епизода за време на појадок на семејството Вилер. Набрзо подоцна има цела сцена со неа и со Барб. Во третата сезона првото појавување е во првата епизода, во креветот на Џонатан. И двајцата се успиваат за на работа во локалниот весник.