Филмови кои ќе ви ја зголемат самодовербата и поради кои ќе си го засакате телото
Во одреден период од животот сите го мразат изгледот на сопственото тело. Тоа е нормално, сè додека не останете заглавени премногу долго во оваа фаза од животот.
Затоа што вашето тело е едно, тоа е уникатно, и пред сè треба да биде здраво. А доколку имате неколку килограми помалку или повеќе, не е крај на светот. Важно е да бидете среќни и да блескате со самодоверба.
Можеби овие филмови ќе ви помогнат да го постигнете токму тоа:
Dumplin‘ (2018)
Вилоудин „Дамплин“ е тинејџерка која има вишок килограми. Тетка ѝ која била нејзината најголема поддршка е веќе почината. Мајката на „Дамплин“ е поранешна мисица која е опседната со физичкиот изглед.
Проблемите започнуваат кога храбрата Вилоудин ќе се пријави на избор за убавина, рушејќи ги стереотипите во една мало гратче во Тексас.
Babycakes (1989)
Грејс работи како шминкерка на мртовци. Таа е прилично депресивна кога станува збор за нејзиниот физички изглед. Сè додека не го види најубавиот маж на светот. Грејс наеднаш добива нова енергија, таа е решена дека мора да го освои.
Real Women Have Curves (2002)
Ана сака да оди на факултет. Но, нејзините родители кои се емигранти се против оваа нејзина одлука. Тие сметаат дека таа треба да остане дома и да му помага на семејството.
Во знак на компромис, Ана ќе го помине летото работејќи покрај нејзината мајка во конфекција, искуство кое ќе ѝ ги отвори очите за многу работи.
I Feel Pretty (2018)
Рене Бенет е полна со несигурности поврзани со нејзиниот надворешен изглед. Таа е убедена дека е непривлечна и премногу дебела за да си најде момче или да ја забележат другите луѓе. Но, еден ден Рене ќе доживее мала несреќа и ќе се разбуди гледајќи сосема нова, прекрасна жена во огледалото.
Just Wright (2010)
Лесли е физикален терапевт која конечно ја добива работата од соништата. Таа станува личен доктор на кошаркарска ѕвезда и полека се вљубува во него. Но, Скот МекНајт е сосема слеп за нејзините чувства и сето свое внимание го има насочено кон нејзината пријателка.