Филмови кои ќе ви ја зголемат самодовербата и поради кои ќе си го засакате телото
Angus (1995)
Ангус е срамежлив, повлечен тинејџер кој има проблем со вишокот килограми. Вљубен во најпопуларната девојка во училиштето и секојдневно малтретиран од нејзиното момче, Ангус крои план како да ја освои Мелиса.
Precious (2009)
16-годишната Кларис „Прешс“ живее одвратен живот. Бремена по вторпат со дете од нејзиниот татко кој сексуално ја злоупотребува и со мајка ѝ која ја малтретира физички и психички, таа е на дното.
Не знае да чита, ниту да пишува. Но, откако ќе се префрли во друго училиште со поддршката на новата професорка Рејн, „Прешс“ ја презема контролата на животот во своите раце.
Patti Cake$ (2017)
Животот во малиот град и е веќе преку глава. Патриша „Patti Cake$“ решава да ги следи стапките на својот идол и тргнува на пат со цел да стане ѕвезда и познат рапер. Секако, тука е поддршката од најдобриот пријател… што може да направите кога целиот свет е против вас и начинот на кој изгледате?
Miss Representation (2011)
Одличен документарец во кој неколку славни, познати жени го дискутираат сексизмот во Америка. Како нè доживува спротивниот пол? А како ние жените се гледаме себеси?
Isn’t It Romantic (2019)
Натали е архитект која живее и работи во Њујорк. Поради ниската самодоверба таа не може да напредува во работата. Кога ќе се удри и онесвести, таа одеднаш се буди во сценарио кое наликува на романтичен филм. Но, дали бајките се подобри од реалноста?
Бонус:
Shrill (ТВ серија 2019 – )
Првата сезона од оваа одлична ТВ серија е веќе завршена со 6 епизоди. Ени е новинарка и автор која пишува колумни за онлајн списание. Таа живее со својата цимерка која очигледно поседува самодоверба за двете, бидејќи кај Ени е непостоечка.
Жонглирајќи помеѓу работата, болниот татко и неблагодарното момче кое не ја заслужува, Ени ќе открие дека вреди многу повеќе отколку што мисли…
https://www.youtube.com/watch?v=JyUr_-jxWZA
(О)Милена | Црнобело