Глумци кои им ги „украле“ пред нос улогите на нивни колеги
Сандра Булок на Лори Пети
После низата критики за нејзината глума, продукцијата ѝ откажала соработка на актерката Лори Пети по неколку дена, за време на снимањето на филмот „Demolition Man“.
Веднаш потоа во игра влегла тогаш младата и перспективна Сандра Булок, а за разлика од претходничката, таа одлично се снашла во улогата.
Марк Волберг на Рајан Гослинг
Рајан Гослинг е исфрлен од проектот „The Lovely Bones“, затоа што накачил 27 килограми. Неговото место на филмскиот сет го презел мускулестиот Марк Волберг.
Сепак, познатиот глумец стои на ставот дека никаде не погрешил. „Очигледно сме имале различни визии како ликот треба да изгледа. Јас бев уверен дека мора да биде подебел.“.
Роузи Хантингтон-Вајтли на Меган Фокс
Кога двајца се караат, третиот користи. Занесната бринета се појави во две продолженија на филсмкиот серијал „Transformers“, по што доби отказ заради конфликт со режисерот.
Меган Фокс јавно проговори за нивната соработка, опишувајќи ја како вистинска ноќна мора. Затоа, пак, среќата ѝ се насмевна на русокосата убавица Роузи Хантингтон-Вајтли, која ја презеде улогата на протагонистка во третото продолжение на славниот акциски филм.
Кетрин Хајгл на Ен Хатавеј
Комедијата „Knocked Up“ ја следи приказната за трудница чие дете е непланирано. Исто како и глумицата што ја толкува главната улога. Ја доби Катрин Хајгл, а требало да ја одигра Ен Хатавеј.
Оскаровката уште жали што не е запишана во нејзината биографија. „Мојот проблем беше што го немав осетено мајчинството на сопствена кожа пред снимањето. Едноставно не се пронаоѓав во ликот на бремена жена.“
Еди Марфи на Силверстер Сталоне
Можете ли да поверувате, дека всушност акциониот херој Силвестер Сталоне, бил првичната опција за филмот „Beverly Hills Cop“? Но, заменет е во последен час со комичниот Еди Марфи, благодарение на кого доживеа неверојатен успех.
М. А. | Црнобело